Јан 25, 2021

НУК: Владата да донесе итна одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати

Наместо со првите одлуки од 5-тиот сет економски мерки Владата итно да помогне на најпогодените индустрии од пандемијата Ковид-19 носи одлука со која на Стопанската комора на Македонија односно опфатените предлог листи на производи на компаниите “локомотиви” членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија им поклонува неповратна помош во висина од 162,4 милиони евра во 2021 година, која одлука е всушност прва усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19. Од друга…

Јан 25, 2021

Повеќе од четиристотини прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 420 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Јан 25, 2021

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ

Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04. Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.

Јан 25, 2021

Во среда се одбележува Свети Сава и е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Ное 22, 2021

Градоначалникот Пецаков најави уредување на плажите на охридското крајбрежје

Пецаков најави уредување на плажите на охридското крајбрежје. Тие ќе се вметнат во урбанистичкиот план и ќе се издават под концесија. Плажите ќе се издаваат врз база на јавно наддавање, ќе бидат во согласност со препораките на УНЕСКО, изградени од природни материјали кои не прават штета врз животната средина. На половина ќе има објекти шанкови, лежалки и други реквзити, а останатите 50% ќе бидат слободни за граѓаните. Имaше и јавен повик по однос на тоа како треба да изгледаат меѓутоа суштината е екологијата како број еден и сите оние теми поврзани со заштита на животна средина ќе предви…

Јан 25, 2021

Презентација на возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“

Во Среда (27.01.2021 год) со почеток во 13 часот,ќе се одржи промотивен настан, на кој ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Северна Македонија и Р. Албанија и Министерството за Локална Самоуправа, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца (Р. Северна Македонија) и Грамш (Р. Албанија), и Алпинистичкиот Клуб ПАТАГОНИЈА-Охрид. Настанот е пре…

Јан 22, 2021

НОВИ ПОДОВИ ВО ОЕМУЦ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“

Завршија предвидените активности за комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Нови подни облоги од пвц материјал се поставени во сите училници, кабинети и канцелариски простории, со вкупна површина од околу 1000 м2. Оваа инвестиција беше дел од Програмата за образование на Општина Охрид за 2020 година и за нејзина реализација од општинскиот буџет беа издвоени 1,3 милиони денари. Со цел да се овозможи поголема функционалност на он-лајн часовите за учениците од ова средно училиште, деновиве беа набавени 20 нови десктоп компјутери. Набавката на компјутерската опрем…

Јан 22, 2021

Чаршиски еснаф: Јавните претпријатија да не не` даваат на извршители

Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија.  Продавници  за текстил, слаткарници,  парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци, ставија клуч на врата. Од здружението „Чаршиски еснаф“  велат   прометот, што е дирекно зависен од турзмот, им е намален за 70%, за да опстанат бараат да бидат опфатени и во петтиот пакет мерки за субвенционирање на плати за вработените.  Високите закупнини на дуќаните се најголемиот товар, но  бараат и општината да им ги намали  комуналните давачки и фирмарината. „Ги повикувам сите јавни претпријатија  да не пр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top