Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.
Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk
Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државн…
Со проектот се придонесува осовременување и унапредување на условите за третман на пациентите, а со тоа и подигнување на квалитетот на медицинската нега. Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба, а предвидено е реновирање и реорганизирање на амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата и другите дијагностички содржини. Предвидено е овој проект да се заврши во месец Јули наредната година и предвиден е буџет од 215 милиони денари.Грижата за граѓаните и нивното здравје за нас претставува дополнителен потик да п…
Основното музичко училиште „Методи Патче“ го доби највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“-Патрон на Охрид за 2016 година. Одлуката ја донесе градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на предлог на родители и на специјалната комисија во која членуваат истакнати поединци од општествениот живот во градов. Градоначалникот рече дека посебно му причинува задоволство што наградата ја добива оваа реномирана образовна институција која 50 години твори и континуирано создава музички таленти кои Охрид достојно го преставуваат во земјата и надвор.
Бројни професионал…
Во моментов охридските здравствени работници кои сакаат да се заштитат од хепатит Б со вакцинирање тоа не можат да го направат. Со оваа вакцина се намалува ризикот и се заштитуваат медицинските работници од рак на црниот дроб и болести кои може да се добијат преку контакт со заразени пациенти. „ Ние вакцината за хепатит Б за здравствените работници ја немаме 5 -6 месеци , а редовно ја добиваме за лицата кои се болни и се на хемодијализа и нив редовно ги вакцинираме“, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.Засега охридските медицинари не покажуваат некој голем интерес за да се зашт…
ДПМНЕ го распродаде Охрид, на фирми блиски до партијата, по цена која нема скоро никаква вредност, обвини на денешната прес конференција , Јоне Станковски, Претседател на општинскиот изборен штаб на Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Доколку коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја добие власта продажба на земјиште по пазарната вредност, еднаквост на сите фирми без фаворизирање, без нелојална конкуренција и важење на законите за сите, ветуваат од Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Нашата коалиција, веднаш по изборите ќе започне ревизија за тоа на каков начин е отуѓено и распродадено земјиштет…
На Триумфалната капија во Скопје ќе ставиме бројчаник за секое украдено и вратено евро, за да останат споменик за паметење, секој што ќе украде пари да ги врати, порача Зоран Заев од синоќешниот митинг во Охрид. Пред охриѓани кои во огромен број се собраа на градскиот плоштад лидерот на СДСМ вети дека ќе биде обелоденета и целата вистина од прислушкуваните приватни разговори.„ Не може да бидеме држава, а да не знаеме што се случило со Никола Младенов и да не знаеме кој ги уби 4-те деца од Смилковско езеро. Не може да бидеме земја а да се крие кој го уби Мартин Нешкоски. Не можеме да чека…
Охрид беше град-центар каде секојдневно се случуваа разни настани, преку цела година а угостителството работеше со полна пареа, кажа на денешната прес конференција кандидат за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија, Владимир Каневчев. Тој запраша, каде е сето тоа денес и што се случи со сјајот на Охрид.
За сите тековни работи кои се обврска на локалната самоуправа се сечат ленти. Промената на старите улични со лед-светилки кои буквално го затемнаа градот во вечерните и ноќните часови, нестручно изградените кружни текови, плоштадот кај Мини Маркет кој стално е под вода поради излевањ…
Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка кое има за цел намалување на ранливоста на населението. Придонесот на волонтерите не само што го подобрува животот на ранливото население со кое работат, туку го подобрува и животот на волонтерите и нивните заедници.
Ѓоко, Јана, Љубица и Ѓоко инаку волонтери од охридскиот црвен крст, денес го слават совјот празник. Желбата да се помогне, да се биде дел од нешто поголемо и да се научи повеќе, биле основните мотиви кои овие млади луѓе ги поттикнале да…