Денес во Охрид ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“.
Настанот ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотелот Нова Ривиера. Се очекува обраќања да имаат амбасадарот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
Проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“ е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р…
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.
-Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава.
Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество. Само така созда…
На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати.
Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Во текот на изминатото деноноќие (26/27.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 304 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
ОО СДСМ Охрид со реакција на најавата на Градоначалникот Кирил Пецаков дека ќе се уредуваат плажите на Охридското крајбрежје и повторно ќе се даваат под концесија, согласно препораките на УНЕСКО.
Градоначалникот Кирил Пецаков по се изгледа сака да го врати Охрид во минатото кога 11 год. владееше неговата партија ВМРО ДПМНЕ, а во градов дивееше тотален урбанистички хаос. Нема ниту еден месец од неговото назначување, а тој веќе најавува поништување на сите заложби на минатата Локална самоуправа и градоначалникот Константин Георгиески и нивната посветеност за исполнувањето на препораките и …
Целта на оваа посета на евроамбасадорот е за да разговара за тековните напори за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“ што беше утврден во 1979-1980 година.
Тој, како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, ќе оствари средби со Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, како и со претставници од Министерството за култура и од граѓанските здруженија за да разговара за загрозениот УНЕСКО статус и за конкретните чекори што треба да се преземат за зачувување на природното и културното наследство на охридскиот регион.
Амбасадорот Гир, зае…
Општина Охрид ја објави конечната листа на ученици од основните и средни училишта кои се добитници на стипендии, како и листата и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.
Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител. – информира Општина Охрид.
Со одлука на градоначалникот поништен е делот од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на домашни и универзите во…
Дуќанџиите на удар на нелегалната интеренет продажба. Со години се соочуваат со нелојална конкуренција . Без регистрирана фирма, фискална каса, даноци, дуќан и вработени безброј е-продавници заработуваат преку социјалните мрежи во земјава.
Лесно отвараат фан пејџ , спонзорирано собираат публика, а потоа со трговски трикови добро заработуваат. „Ние немаме реално проблем со легалните продавници на пример некој бутик си отворил интернет продавница и си продава, но имаме проблем со поединци кои се многу. Си се спонзорира за две три пет евра и тоа си се продава не ппаќа придонеси, не пла…