Авг 13, 2021

„Храбро срце“ го одбележа Светскиот ден на органодарителството

Со делење едукативни флаери за подигнување на свеста кај населението здружението „Храбро срце“ денес во Охрид го одбележа Светскиот ден на органодарителството. Органодарувањето е највозвишениот чин, тоа е спасување на живот. Од еден кадаверичен донор можат да се спасат дури 8 човечки животи на кои им е неопходна трансплантација. Вкупно во земјава 20 тина пациенти се уште чекаат тансплантација на срце, а најмладиот од нив има само 16 години. Јавни личности се приклучија на капмањата се приклучи македоснката православна црква, синодот не поддржа не поддржуваат и познати кардиохирурзи Д-р …

Јан 18, 2017

„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност

„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност.  Во овој документарен филм  на меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој премиерно беше прикажан синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ е прикажан мрестот на охридската пастрмка во месеците јануари и февруари. Докумантарниот филм „Танцот со пастрмките“ изобилува со ексклузивни подводни снимки. Најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро.Пастрмката за време на мрест е многу смирена, но сепак професионални и искус…

Јан 18, 2017

Советот за безбедност додели благодарници

  Општинскиот Совет за безбедност на патиштата бележи успешна година преку реализација на бројни проекти и активности во 2016 год. Претседателот на Советот за безбедност Стефан Димоски одржа состанок на кој беа доделени околу 50 благодарници за сите партнери кои соработуваа со ова општинско тело. „Во текот на минатата година ние како совет реализиравме околу 20 тина проекти и кампањи насочени кон сите целни групи и кон општата јавност. Целта на овие проекти кои што ги реализиравме со сите партнери на кој што денеска им се заблагодаривме за соработката е подигнување на јавната свест и сове…

Јан 18, 2017

Хуманитарна акција на Општина Охрид и Црвен Крст Охрид, во пресрет на празникот Богојавление – Водици

Уште еден хуман потег на Опшина Охрид и Општинската организација на црвениот крст. Во пресрет на големиот христијански празник, Богојавление- Водици, беа поделени 50 хуманитарни пакети, составени според стандардите на Меѓународната федерација на Црениот Крст, со намирници потребни за едно четиричлено семејство. Инаку, ова е само една од низата вакви активност, за помош на ранливите категории граѓани, изјави Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид „Една во низата на повеже хуманитарни акции кои што предвидуваат извесна помош на семејствата во социјален ризик, значи за голе…

Јан 18, 2017

Црвениот крст со препораки за празникот Богојавление-Водици

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на пл…

Јан 17, 2017

Општина Охрид и Јапонија ја продлабочуваат соработката

Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Јапонија. По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во Март 2016 година во својот ка…

Јан 17, 2017

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива

ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти. Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на ниво на музеи. Во делот на нау…

Јан 17, 2017

Охрид домаќин на петтата меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми

  „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, е темата на петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. На неа наредниве три дена ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, психологијата и од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top