Четирите ѕидови од работната соба на Гоце Ангеличин Жура, каде уредно почиваат неговите документирани бројни откритија за Охрид, претставуваат Центар на културата во Европа и светот. Пред се тоа се дела од теренската работа на Жура во текот на неговиот работен стаж во Завод и Музеј Охрид, но и приватно талкајќи по белиот свет по интересни и секогаш нови откритија. Неговите светски откритија најмногу се отсликуваат во неговите записи за пештерските цркви, за што годинава Жура очекува да излезе од печат и најновата книга од над 100 колор фотографии за пештерските цркви во Македонија и Алба…
За нов претседател на Управниот одбор како и нов извршен директор на РК Охрид, без ниту еден глас против, е избран Љупчо Танески, спортски работник, кој доаѓа на местото на Димитар Спасески кој раководната функција ја извршуваше во изминатите три години. Новиот извршен директор на клубот најави дека серизно ќе се посвети на работата во клубот со цел продолжување на позитивните резултати во Супер лигата и Купот на Македонија, а најави и сериозна можност младите ракометари да започнат професионална спортска кариера токму во овој клуб.
„Веќе еве ексклузивно да кажам дека периодов кој следува,…
Југозападниот дел на Македонија затрупан со диви депонии. Во Охрид, Струга, Кичево, Дебар и уште неколку помали општини има вкупно 97 депонии од кои 87 се диви. И тие неколку кои се легални немаат никакви услови за одлагање смет.
Треба да имаат глинеста подлога, има критериуми колку треба да се одалечени од населени места. Треба да има комплетна инфраструктура. Кај нас тоа не е случај. Имаме измешан отпад, комунален, пластика, хартија, стакло. Некаде околу 46.000 тони или 231 килограм по жител годишно се собира отпад, рече Мирјана Лозаноска-директор на Центар за развој на југозападен план…
Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан, каде што треба да се гради овој дом, нема никакви градежни активности. Изградбата беше најавувана дека ќе стартува во 2016 година, согласно договорот со кој купувачот беше обврзан во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД „Илинден„, кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува дека е завршена …
Вљубено такси за сите вљубени охриѓани. Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën организира целодневно бесплатно такси-возење со Citroën C4 Cactus под слоганот „Од Citroën со љубов“. Екипа составена од два члена во текот на целиот ден бесплатно ги пренесуваат сите вљубени во градот до саканата дестинација или пак до нивниот сакан или сакана и заедно им подготвуваат изненадувања за Св Валентајн-Денот на вљубените.
Иако не е наш православен празник, но љубовта сите нас не обединува, младите се повеќе го почитуваат, па затоа и ние се одлучивме да го одбележиме со една ваква акција…
Вечерва на празникот Св.Трифун ќе бидат изложени 30 фотографии, 15 на Марија Савеска и исто толку на Дарко Бошњак. Обајцата се членови на фото клубот Охрид. Фотографиите на Дарко Бошњак се на тема рефлексија на Охридското Езеро, додека пак на Марија Савеска – улична фотографија од светските метролопи, Стокхолм, Берлин, Истанбул и Скопје. За своите фотографии Савеска напоменува дека настанале во последните три години при нејзините патувања во европските земји. „Додека сум дома во Охрид, градот е прекрасен и сликам убави пејзажи и најчесто природа, но кога ќе прошетам настрана, кога с…
Денес се празнува Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините од штети и несреќи. Во охридско, утрово лозарите ги закроија лозовите насади. Будимир Соколовиќ, охридски винопроизводител, посочува дека ова поднобје има извонредно грозје и основа за производство на квалитетно вино. Културата кон виното на охриѓани е од дамнина, вели Соколовиќ.
„Традицијата е долговековна. Во Охрид и старите антички градови пронајдени се амфори стари 2000 години. Пред 2000 години тука се пиело вино. Винската култура е на високо ниво и ме радува што помладите генерации почнуваат да го конзумираат и ценат…
По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” чистеа на ул. “Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето.
Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с. “Косел” до “Прентов мост”, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на смет.
Покрај тековните активности, екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, беа вонредно ангажирани на делот кај “Горица 3” и блиската парк шума, каде што б…