Министерството за внатрешни работи ги информира сите граѓани од републикава, дека согласно одредбите од Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје истекува на 12-ти април.
До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена.Рокот за замена се однесува на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје.
Барањето треба да биде поднесено во Ми…
Практиканство и обука за дефицитарни занимања се двете најнови мерки за поддршка за вработување на млади лица до 29 години. Овие мерки се спроведуваат во Агенцијата за вработување на Р. Македонија, а се дел од Европски проект од ИПА програмата. Марија Симјаноска, од охридскиот центар за вработување појаснува дека мерката практиканство е многу популарна и добар дел од младите ја занаат и ја имаат искористено, но ги имформираат и оние кои не знаат и сеуште не ја имаат искористено да се пријават во Агенцијата за вработување.
„Една од мерките е практиканство, која што се однесува на лица …
Ракометниот клуб „Охрид 2013“ потпиша договори со 4 ракометари кои ќе играат во сениорскат лига и 8 стипендии со јуниори. Во новата ракометна сезона Ракоментиот клуб Охрид 2013 ќе биде засилен со играчите Александар Стојаноски, Бобан Блажески и двајцата интернационални играчи Јосип Кедиќ и Марко Коветиќ. Се очекува да продолжи успешната ракометна сезона за клубот, кажа Љупчо Танески кој од пред два дена е новиот претседател на УО и претседател на клубот. „Она што е новина по долгогодишна работа на тренерот е со пионерите и младинските категории за прв пат ќе потпишаат стипендии …
Охридската локална самоуправа ќе учествува на меѓународниот туристички саем во Белград. Градот ќе привлекува туристи од Србија кои се и традиционално најбројните гости на охридската ривиера. Презентацијата на нашиот туристички потенцијал ќе биде со организирање на „Охридска вечер“ во белградски ресторан Венеција. Три дена ќе се презентира национална македонска гастрономија, пијалоци и традиционална музика. Градот ќе се претстави и со нови туристички понуди, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. „Охрид динамично се развива во однос на туристичката понуда. Не се само пакет аранжманите на тури…
Ј.П. „Охридски Kомуналец” доделува по 50 садници сезонски цветен расад на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид.
Садниците се од сопствено производство, а целта на акцијата е да се даде поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови. Со своето уредено цветно катче тие треба да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина.
Истите можат да се подигнат од расадникот на Ј.П. „Охридски Kомуналец”.
Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од 1 ( една ) година.
Истото можат да го напр…
Коста Шахов од Охрид е една подзаборавена, но многу значајна личност од македонската национална историја. Тој е неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството во втората половина на деветнаесеттиот век и првите две децении на дваесеттиот век.
Коста Шахов е првитот претседател на Младата македонска книжовна дружина, член на т.н „Македонски комитет“ од 1895 година, на чело со Трајко Китанчев, претходно член е на „Братскиоот сојуз“ и член на Македонското студентско друштво во Софија од 1890 година. По политичка ори…
Од УЈП со апел, граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти Март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери.
Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи.
Граѓанинот кој е од друг …