Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Пред стотина членови на партијата и пратениците кои се собраа пред платото на партиското седиште, со патриотски песни и скандирања, претседателот на ОК на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Прогласот следува по обајвувањето на СДСМ дека постигна договр со ДУИ за формирање Влада. „Да го кренеме гласот, да кажеме ова вака веќе не може. Ние како граѓани нема да дозволиме на нашата држава разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и албанските партии“, кажа АрнаудовНие го креваме гласот и кажуваме д…
Малата Наде која беше исчезната повеќе од 24 часа пронајдена жива и здрава. Двегодишното девојче од кичевското село Кленоец, кое од синоќа беше пријавено за исчезнато било пронајдено денеска попладне од полициски службеници меѓу селата Извор и Кленоец.
„Со задоволство можам да изјавам дека девојчето е пронајдено живо и здраво, денеска околу 15 часот во месноста Вртиште. Тоа е област на тромеѓето помеѓу селата Извор, Кленоец и Иванчишта во кичевско. Девојчето е пронајдено во дол длабок околу 20тина метри. “ – изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.Вчера околу 13часот и 45минути вујк…
Денес е меѓународен ден на бармените. Професија која е многу важна за еден угостителски објект да работи успешно и да има свој уникатен имиџ. Во охридските кафулиња има многу мал број бармени кои си ја знаат својата работа. Драган Тоскоски речиси две години работи во Лаунџ барот Објектив и е еден од оние луѓе кои професионално ги подготвуваат коктелите кои ги бараат гостите. Кажува дека многу си ја сака работата, но дека кај нас тешко е да се усовршуваш. Треба доста време за да се стигне до звање бармен, но и праксата е многу важна. Се снаоѓаме. Тешко е бидејќи кај нас нема специјализирани…
Охридската полиција поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велгошти – П.Ш. и И.Б., двајцата на возраст од 25 години.
Лицата се товарат за сторено казнено дело „кражба на дрва од туѓа шума“. Пријавениот П.Ш. самостојно сторил уште две казнени дела: „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување исправа“. Тој нелегално набавил џип, поставил лажни бугарски регистарски таблички кои потекнувале од друго возило.
Во текот на минатата година, пријавените лица во месноста „Буково“ од шума во државна сопственост, неовластено и без одобрение за сеча,…
Охриѓанки за 8 ми март ќе уживаат во странство, претежно во земјите од регионот. Годинава денот на жената ќе се слави во среда. Традицијата на празнување се менува. Од година во година расте бројот на охриѓанки кои за празниците уживаат да патуваат на интересни туристички дестинации, вели Jаким Маленко од ТА „Вис Пој“
„Најмногу се одлучуваат за блиските дестинации, со оглед на тоа дека годинава нема многу слободни денови, нема многу простор да се отсуствува, се одбираат поблиски дестинации со помал број ноќевања. Од нашата агенција има голем број на понуди, наш директен аранжман кој е с…
Португалскиот пијанист Васко Дантас вечерва ќе ја збогати музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ со концерт што ќе го одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.
Дантас e роден во Порто во 1992 година и студиите со највисоки оценки ги завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон каде студира пијано со Дмитри Алексееев и Нил Имелман и диригирање со Петер Tарк и Наталиjа Луис Баса. Пост-дипломските студии ги завршува на Универзитетот во Мунстер, Германија во класата на Хериберт Кох каде запишува и докторски студии.
Добитник е на повеќе од 50 награди и признанија од натпревари …
Утре, сабота 25-ти февруари, на репертоарот на Народен Театар Охрид, љубителите на добрата смеа ќе имаат можност да уживаат во втората сезона од претставата „ИМПРОВОКАЦИЈА“.
Ова е втора “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.
Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на созд…
Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје.
На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа е сама во станот и п…