По тригодишна пауза, од денес, повторно започнува одржувањето на спортските лиги на мали спортови. Локалната оваа година издвои средства за оваа намена на задоволство на учениците, професорите по физичка култура, но и на сите љубители на спортот. Ќе се игра футсал, пинг понг, шах, одбојка, баскет, атлетика и фудбал. Учениците од сите основни и средни училишта во градов ќе се натпреваруваат во овие спортови во наредниот период.
Јоне Станкоски кој е професор по физичко и здравствено образование се надева дека овие спортски лиги ќе имаат континуитет бидејќи се многу значајни за правилниот рас…
Општина Охрид од сопствениот буџет издвои 3 милиони денари за партерно уредување на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Тоа е надвор од програмските активности кои што се поврзани со буџетот, забележува координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски. Тој смета дека овој проект е на Владата и на ресорното министерство за здравство кои секојдневно се фалат дека инвестираат во здравството. На Стојаноски не му е јасно како може Владата од една задолжена општина како што е Охрид да дозволи да го помага тој проект.
„Секоја одлука за инвестирање е …
Охриѓанката Мери Нанче, која е голем љубител на природата и знае да ужива во неа, деновиве на социјалните мрежи откри слики кои ја прикажуваат грдата страна на туристичкиот бисер Охрид. Станува збор за расфрлан и со години насобран смет на една од најубавите плажи на Охридското Езеро, плажата Лабино.
„Билјана да ти кажам…едноставно ми дојде, шетам, гледам, убај работи, преуба природа прекрасно езеро…нашево езеро е бисер….ама кога ќе се завртиш од другава страна, ми боди очи сето тоа ѓубре што го гледам зад мене и еден ден бев револтирана и реков ќе го сликам. Недела две не сакав да г…
Викендов, поточно сабота на домашен терен со почеток во 19 часот и 30 ракометарите од Охрид ќе го играат последниот меч во СРЦ „Билјанини Извори“ во регуларниот дел од Супер лигата, против „Тинекс Пролет“. Охридските ракометари очекуваат победа која ќе ги доближи на меч од првата позиција во елитната ракометна лига.
„Мислам дека сме фаворизирана екипа по табела и сметам дека тоа на терен и ќе го докажеме во сабота. За тоа се подготвувавме цела недела, ќе бидеме можеби во еден тренинг меч за плејофот кој ни следува“ – вели Адамовиќ.
Ракометарот Дарко Јанев ги повика охриѓани во сабота да п…
Се асфалтираат нови, но и се довршуваат некои од веќе започнатите градски улици во Охрид. Од Секторот за комунални дејности велат дека пролетниов период низа активности биле насочени кон градежни зафати за уредување на повеќе пристапни улици во општината. Портпаролот на Секторот Љупчо Танески, пренесува дека програмата за асфалтирање на улиците била обемна, но со работа труд и трпение се постигнува многу. Тој како пример ја посочи ул „Сирма Војвода“ која од корен ја изградиле, асфалтирале и уредиле.
„Во изминатата година асфалтиравме околу 1500 кавадратни метри од улицата „Сирма Војвода“ г…
Пазарната инспекција интензивно се подготвува за засилени контроли во летниот период. Досега според нивниот годишен план на работа контролирале еднаш месечно, но летово тоа ќе биде позачестено. Посебно акцент ќе се стави на угостителските објекти кои често ги прекршуваат законите .Пазарните инспектори веќе почнаа да контролираат дали летните тераси имаат решение за поставување урбана опрема бидејќи уште на крај на декември советот на општина Охрид ја донесе програмата. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на подрачното оделение на Пазарна инспекција вели дека дополнително им ја комплицира работат…
Четириест генерации досега поминале во ОУ „Христо Узунов“. Далечната 1977 отпочна со работа оваа образовна установа и оттогаш па се до ден денес од тука излегле многу етаблирани личности од градов, кои рботат во системот на нашата земја. Директорот Тони Симоноски вели дека тоа за нив претставува поттик и понатаму да продолжат со таквото темпо. Второто полугодие е во знакот на подготовка за патронот на ова училиште кое годинава одбележува значаен јубилеј 40 години од своето постоење.
„Веќе сме отпочнати со преуредување на дворот, веќе се поставени оградите кои ги заштитуваат тревните површи…
Пчеларите бараат од овоштарите да употребуваат соодветни хемиски препарати за третман на овошните култури. Употребата на несоодветни хемиски препарати индиректно негативно влијаат врз квалитетот на медот, на пчелните семејства, но и врз родот на овошките кои зависат од опрашување на пчелите, укажуваат пчеларите. Минатата година пчеларите побарале од Центарот за јавно здравје да им помогне за да се намали штетното влијание од прскањето, но досега ништо од тоа. Меѓусебна соработка на охридските пчелари и овоштари нема, вели Тони Јосифоски од здружението на пчелари. Секој употребува хемсики пр…