Мар 28, 2017

ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО МОСКВА

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги  формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, по примерот на Виена, Прага и Стразбур, утре во хотелот „Golden Ring“ во Москва, делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Москва ќе одржат промотивен настан , каде пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија (туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската Асоцијација на туроператори и Федералната …

Мар 28, 2017

Скинат оптички кабел, причина за прекинот на услугите на Македонски телеком

Прекинот на услугите во регионот на Охрид и Ресен е решен, информираат од Македонски Телеком, откако поради прекин на оптички кабел, вчера не беа достапни услугите на Македонски Телеком во овој дел од државата.– Проблемот не беше предизвикан од Македонски Телеком, туку беше резултат на оштетување на оптичките кабли при изведување на градежни зафати од страна на приватна фирма. Им се извинуваме на корисниците и им благодариме за разбирањето, информираат од Македонски Телеком.

Мар 27, 2017

За развој на руралниот туризам треба да помогне и државата

Вевчани и Куратица се позитивен пример за развој на рурален туризам. Несекојденвните доживувања како што се сафари со магариња, дегустација на македонските локални специјалитети, прошетка во природа, едукативни активности ги задоволуваат потребите посебно на холандските туристи, кои годиниве наназад повторно во се поголем број ги има во охридско – струшкиот регион. Проф. Михаил Ристески, асистент на ФТУ кој работи и како туристички водич, смета дека за развој на руралниот туризам треба да интервенира и државата, бидејќи сеуште во селските средени настаните се одвиваат во еден ден и се во ви…

Мар 27, 2017

Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво

Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво. После отпочнување на постапката за делба на Р.Е. Охрид и Струга, иницирана од страна на првиот човек на ова претпријатие Томе Паскалоски, меѓуопштинското претпријатие во моментов спасено е од концесионерство, односно продажба, бидејќи раскинат бил штетниот договор од претходното раководство, како што објасни Паскалоски. Директорот вели дека во моментов се чека да се донесе одлука за основање со издвојување. До каде е заглавена постапката Паскалоски им објасни на охридските советници. „Комисијата која што беше формирана од Владата во која б…

Мар 27, 2017

Одговорност за уништување на охридска пастрмка

Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања на секој начин се трудеа да не замолчат. Надлежниот министер не бркаше од јавни расправи за концесии на Охридското Езеро. Барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка од 10 години ја отвори пандорината кутија.Јавно ги запрашуваме надлежните институции и министерства каде и како се потр…

Фев 15, 2022

Нова методологија за раст на пензиите и пакет финансиска поддршка за пензионерите

Веќе се работи на методологија која ќе овозможи долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Пензионерите се оние кои заслужуваат, после толку години изминат труд и даден огромен придонес за нашата држава, да имаат достоинствени пензионерски денови. Веќе работиме на анализи кои ќе бидат презентирани низ отворениот дијалог во кој ќе учествуваат и здруженијата на пензионерите и други заинтересирани страни како и надлежните институциите на Владата“, нагласи премиерот Ковачевски во својата изјава. Тој додаде дека еден од приоритетите…

Мар 27, 2017

Меѓународен ден на театарот

Меѓународниот ден на театарот – 27 март, денеска низ светот ќе се одбележи со претстави и читање на пораките за сценската уметност. Француската филмска и театарска глумица, 64-годишната Изабел Ипер е автор на светската порака, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички  директор на Народниот театар од Битола.– Додека ви се обраќам, јас не сум јас, не сум актерка, јас сум една од многуте луѓе благодарение на кои театарот постои. Тоа е и наша должност, но пред сè наша потреба; како се вели: „Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му…

Јун 20, 2017

Хотелските брендови се потребни за позиционирање на земјата како туристичка дестинација

Покрај останатите материјални ресурси потребни за брендирање на една земја како туристичка дестинација, огромно е и значењето од присуство на светски познати хотелски имиња. За една туристичка дестинација да биде брендирана, односно препознатлива кај туристите, потребни се многу фактори. Во современите туристички токови, создавањето на една емотивна врска меѓу туристите и дестинацијата е она што одново ги тера туристите повторно да посетат одредено место, што всушност и претставува брендирање на самата дестинација. Голема улога во задоволувањето на од ден на ден се попребирливата туристичк…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top