Денес во Охрид министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на НАТО напредната школа на тема „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.Работилницата се реализира во ко-организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Бугарската академија на науките, а ќе се одржи во периодот од 3 – 7 април. Учесници се над 45 претставници од безбедносниот сектор од Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.На работилницата ќе стане збор з…
Отруено е куче и тоа на детско игралиште во близина на детската градинка и училиштето во Лескајца во Охрид. Отровот кој бил расфрлан бил со силно дејство и смртоносен. За овој немил настан не информираа загрижени активисти од Анималија. Климент Арнаудов активист во Анималија вели дека доказниот материјал сеуште е тука, но за жал надлежните без коментар.
„Две кученца беа затруени вчера, едно умре за жал, другото успеавме да го спасиме благодарение на интервенцијата на ветеринар Тони и Ване. Сабајлево исто така во раните утрински часови се случи овој немил настан, отровот беше пресилен и не …
Мрежа од подземни и надземни хидранти има во повеќе делови во Стариот дел на градот. Околу 10 тина хидранти во старото градско јадро се многу важни при интервенции на противпожарните единици во случај на опожарување. Два подзмени хидранти има на охридскиот плоштад, хидранти има на Сараиште, два во близина на црквата Св.Софија, потоа на улиците Нада Филева, Илинденска, Климентска, кај Горна Порта, на малиот плоштад Крушевска Република, набројува Горан Маркоски заменик командир на охридската ТППЕ.
„Ова се нови хидранти и ЈП Нискоградба ги проверува. Пред неполна година заедно со ова претпири…
По охридските улици и алеи се краде посаденото сезонско цвеќе. Оваа појава се провлекува со години наназад. Несовесни поединци на тој начин му пакостат на градот и обидите на ЈП Охридски комуналец да има што повеќе цветни површини, информира Елена Скрческа директор на ЈП Комуналец.
„Има такви појави ги крадат од расадите и цвеќињата или ги газат намерно цветните јавни површини. Ние се трудиме да ги санираме штетите и во центарот на градот и на патеката кон хотел Горица, но и на другите делови од градот каде што се случува уништувањето“, напоменува директорката Скрческа.
Во моментов на уда…
На 16.08.2021 година во СВР Охрид, приведен е Ј.С.(18) од Охрид кој претходно на улицата „Сатеска” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
А поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(70) од Битола. Тој, во текот на 2020 година, на парцела во Охрид во државна сопственост, без да поседува соодветно одобрение за градба и без соодветна ревидирана градежно техничка документација и одобрение и…
Највеселиот ден во годината 1 ви април и годинава ги привлече најмладите. На сцената на охридскиот плоштад како и секоја година се појавија стотици маскирани деца од градинките и основни училишта со најразновидни маски преку кои ја покажаа сета своја фантазија и желби. Принцези и принцови, гусари, морнари, полицајци, Бетмени, Спајдермени, Арапи, сонца, цвеќиња, госпоѓици и што уште не беше дел од прекрасниот амбиент. Се кажуваа шеги и лаги, се слушаше музика и се играше. Исто така така децата уживаа и позираа пред фотоапаратите на родителите, а голем дел од нив и пред нашата камера сакаа да…
СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици.Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. По…
Анастасија Чутрова е ученичка во трета година угостителски техничар смер готвач и келнер. Од мали нозе сака да готви и вели среќна е што и се оставрува желбата и професионално да готви. Таа беше дел од тимот на Гастромак што учествуваше на натпревар „Шумадија Саем“ во Крагуевац, Србија. Од таму се врати со бронзен и сребрен медал. Се натпреварувала во индивидуална и екипна категорија. Наградата и припаднала за подготовка на чоколаден десерт од јаболко во сос од бело чоколадо и ананас.
„ Ова ми е втора награда. Бев и во Турција на светски натпревар за готвачи. Спремав во категорија модерна …