Апр 13, 2017

Продолжува лигата во футсал

Во рамките на училишните спортски лиги  за основни и средни училишта ,сојузот за училишен спорт Охрид  под  покровителство на локалната самоуправа Охрид се организира  третото коло од лигата  футсал  во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта  во која  зедоа учество ученивите од VI и VII одделение   во машка  конкуренција . Во третото коло од лигата во фурсал се постигнаа следните резултати : ОУ„Братство Единство “- ОУ „Св.Наум Охридски “  2:3ОУ„Св.Климент Охридски “-ОУ„Христо Узунов“      0:2ОУ„Григор Прличев “-ОУ„Ванчо Николески “-Лескоец   3:1ОУ„Живко Чинго“- Велгошти –ОУ„Ко…

Апр 12, 2017

Претставниците на УНЕСКО остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески

Експертите од Комисијата на УНЕСКО, во рамки на нивната работна посета на Охрид, остварија средба и со првиот човек на градот Никола Бакрачески. Средбата градоначалникот ја оцени како мошне конструкривна, бидејќи на истата биле разгледани сите аспекти внесени во агендата кои што произлегуваат од планираните проекти. „Секако дека ги разгледавме сите пооделни точки од нивната агенда го кажвме нашето мислење во поглед на импактот кој што можат овие проекти да го имаат на заштитата на човековата околина и секако заштитата и конзервацијата на културното наследство, укажавме уште еднаш колку е в…

Апр 12, 2017

Заврши судскиот процес за случајот „Лизгалиште“

Заврши судски процес за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески уште пред три години го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета бидејќи проектот за лизгалиштето на охридскиот плоштад го нарекол штетен и криминален, а при тоа го споменал неговото име како потписник на договорот. Блажески пак, тврдеше дека никаде не споменал дека договорот е криминален туку дека имал основано сомнение за контроверзен договор. Спасески во овој спор првенствено бараше оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште, но судијата утврди дека …

Апр 12, 2017

Унеско:Никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на Унеско

Мониторинг мисијата на Унеско денес беше во посета на Плаошник и на Антички театар. Претходно претставниците од седиштето на Унеско се сретна со директорката на Завод и Музеј. Ања Сидоренко од претставништвото на Унеско кажа дека никогаш не станало збор за тоа Охрид да биде избришан од листата на Унеско на заштитено природно и културно светско наследство. Сидоренко за денешната посета во регионот истакна дека е техничка со која ги проверуваат состојбите на објектите врз кои се врши конзервација, а се дел од културното наследство на сите компоненти. Остваривме средба со цел да го видиме напр…

Апр 12, 2017

Велигденски панаѓур во О.У. „Христо Узунов“

Велигденско расположение во О.У. „Христо Узунов“.Денес во ОУ Христо Узунов се одржа Традиционалниот Велигденски Панагур со творби изработени од вредните раце на уцениците од уцилиштето. Беа изработени творби од јајца, кошницки и се она што е поврзано со славењето на големиот Христијански празник Велигден.  Панагурот е организиран во заедничка соработка со уцилиштето и Советот на Родители при училиштето.

Авг 18, 2021

Охрид ќе добие пешачко-рекреативна патека кај каналот Студенчишта

Општина Охрид ги започна подготвителните активности за изградба и уредување на пешачко – рекреативна патека која ќе се протега од ресторанот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско Рекреативен Центар. Деновиве екипи на ЈП „ Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот. Патеката е предвидено да има аморфна форма со променлива ширина со цел да се поставува урбана опрема без да се попречи линијата на движење на корисниците. Патеката со своите содржини ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна …

Апр 12, 2017

Загина 26 годишен охриѓанец во сообрќајна незгода

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што утрово во 05 часот и 25 минути се случи на улицата „Питу Гули“ во Охрид.  На местото на сообраќајната незгода, животот го загуби Д.Ј. (26) од охридското село Велгошти кој, по улицата управувал патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки и се движел од „Стара бензиска“ во правец кон кружната крстосница кај Општата болница. Во критичниот момент, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната-лева сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво. Неговата смрт,…

Апр 12, 2017

Експертите на УНЕСКО својата инспекција на охридскиот регион ја започнаа од НП Галичица

Комисијата на Унеско денеска ја започна својата мониторинг мисија на охридскиот регион. Прва на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското природно и културно наследство, Галичица. Тричлената комисија оствари работна средба со раководството на НП Галичица. Средбата се одвиваше зад затворени врати а по нејзиното завршување претставниците на УНЕСКО не дадоа изјави. НП Галичица е под лупа на експертите со цел да се утврди дали и во која мера се испочитувани препораките кои Унеско ги даде во врска со големите инфраструктурни проекти кои треба да се реализираат во рамки на …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top