Во хотелот „Гарден“, се приготви Шопска салата која влезе во Гинисовата книга на рекорди. Комисијата од Гинисовата книга на рекорди потврди дека се подготвени 202,86 килограми Шопска салата. Оваа количина е доволна за Гинисовиот рекорд, одлучи Комисијата која внимателно го следеше целиот процес на подготовка. Од хотелот инфомираат дека сека се запзени сите стандарди. Сертификатот за Гинисовиот рекорд им беше врачен на општина Охрид и хотел Гарден. Идејата за организирање на овој настан е на Ина Жарова, лиценциран диструбутер на македонски производи во Русија.
„Ние ја промовираме Македонија…
Започна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“. Овој филм е авторско дело на нашиот сограѓанин Илија Пиперкоски, кој се јавува и како режисер и сценарист. Планирано е филмот да се снима од 19 април до 15 мај, појаснува продуцентот Огнен Антов, кој веќе ги открива и првите детали за филмот. Главните актери се Селаетин Билал, дедото во филмот и Дејан Лилиќ, внукот.
„Куриозитет е што за прв пат имаме охридски автор, тоа никогаш не се случило во историјата на македонската кинематографија и во поновата македонска историја за прв пат иаме филм кој што комплетно се работи во Охрид, од почеток д…
Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а г. Ајман Ал малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој.Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на …
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 17-23 април, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, кои ќе бидат наменети за социјално загрозените, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.- Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институци…
Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата Шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска , сопственик на хотел Гарден, вели пред неколку месеци заедно со Ина Жарова, лиценцираниот диструбутер на македонски производи во Русија добиле идеја, да се промовираат македонските јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот рецепт, напоменув…
Со решение на градоначалникот Зоран Ногачески за нов Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” именуван е Димче Андрески, дипломиран економист и магистер по архелогија.
На средбата со новиот директор разговаравме за состојбите во ЈКП при што ја истакнав мојата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие. Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на уште повисоко ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца. Зае…
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. април 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“,(Едноцрквие). На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Поради поставување на втор асфалтен слој улицата „Абас Емин“, утре (19.08 2021 година) ќе биде затворена за сообраќај на потегот од пресекот со улица „Охридска Бригада“ до пресекот со улица “Железничка“.
Градежните активности ќе започнат во 5 часот наутро, затоа општина Охрид упатува апел до жителите во овој дел од градот да ги отстранат своите возила од коловозните ленти и тротоарите од вечерва со цел истите да не бидат оштетени.