Апр 25, 2018

Гостите од Бенелукс со зголемен интерес за Охрид

Гостите од Бенелукс за престојната туристичка сезона дури за 20% ќе бидат побројни во споредба со минатите години. Ова го најави најголемиот холандски туроператор ТУИ. Жан Крајнен менаџер на ТУИ задолжен за Македонија, потенцира дека значително бил зголемен бројот на резервации во сместувачките капацитети на охридското крајбрежје. „Оваа година имаме зголемување на бројот на гости кои ќе одмараат во Охрид за 12-13 проценти. Почнувајќи од мај, па се до октомври „ТУИ“ ќе реализира 6 чартери неделно до Охрид, со кои летово ќе се превезат во Македонија 16.000 туристи“ За порастот на бројот на …

Апр 29, 2017

Охриѓани денес се потпишуваа за поддршка на граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи

Граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи денес претставена пред граѓаните на Охрид. Иницијативата за овој настан е на Цивил Медиа од каде појаснуваат дека оваа повелба е документ кој ја реафирмира потребата од подобрување на условите, во кои граѓанското дејствување се гледа во последните години како жртва на сериозен притисок, како политички, така и од бизнис структурите. Граѓанската повелба е глобален документ, со кој се реафирмираат човековите права и слободи, потребата на граѓанките и граѓаните да учествуваат во донесувањето на одлуките на локално и национално н…

Апр 29, 2017

Нова сезона, стари проблеми

Нова сезона, стари проблеми. За жал таква е сликата со хотелско сместувачкиот капацитет Далјан. Менаџерот Славица Стефановска вели дека од нивна страна се е подготвено за сезоната која кај нив веќе е почната бидејќи хотелот е полн со гости, но нагласува дека искрено жали што и оваа сезона се соочуваат со истите проблеми кои години наназад се провлекуваат. „Немаме осветлување во 21 век на пристапниот пат, што е многу лошо, еве сега имаме гости кои што се глуви и ако треба да излезат на патот тие не слушаат, нема улично осветлување, не ја слушаат колата која што доаѓа и не можат да ја видат …

Апр 28, 2017

Денес пред Собранието на РМ е мирно

8 лица приведени, 83 поврдени, е билансот од синоќешниот инцидент што се случи во Собранието на РМ. По изборот на Талат Џафери за претседател на македонскиот парламент група демонстранти од иницијативата „За заедничка Македонија“ насилно влезе во Собранието. Демонстрантите го демолираа законодавниот дом, а нападнаа и дел од пратениците, меѓу кои и лидерот на СДСМ Зоран Заев, лидерот на Алијансата на албанците, Зијадин Села, како и пратениците Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Радмила Шеќеринска.Телевизија ТВМ денес стапи во контакт со охридските и струшките народни и…

Апр 28, 2017

Програмата за урбана упрема идентична како и минатите години

Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 24 локации, книги на 6 локации, на 48 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 5 локации. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, вели дека годинешната програма е идентична со минатите години. „Во урбаната опрема имавме потреба само од дефинирање на цена за издавање на тезги за поставување на храна, значи само во е…

Апр 28, 2017

Казна му е мајката

Просторот помеѓу улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои честопати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Уште пред три години Телевизија ТВМ го актуелизираше овој проблем, но сеуште никој не го реши. Уште тогаш од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката непосредно до ресторанот Чун, меѓутоа, очигледно не…

Апр 28, 2017

Највкусните сендвичи пристигнаа и во Охрид

Во Охрид пристигна брендот „Вили“ под кој се препознаваат едни од најдобрите сендвичари во државава. Ова име веќе 13 години успешно опстојува на пазарот и им нуди на љубителите на брзата храна висок квалитет и посебно уживање. Покрај во Македонија, сендвичарите „Вили“ шест години ги имаше и во Србија каде исто така успешно работеа создавајќи свој препознатлив имиџ, вели сопственикот Вили Ракичевиќ. Плескавиците се од јунешко месо, запазен е хасап системот, имаме и сопствено производство на месо и на целиот асортиман. Значи имаме квалитет, но и пристапни цени и затоа нашите муштерии се мног…

Авг 18, 2021

Тепачка, физички напад врз полициски службеници-СВР БИЛТЕН

На 17.08.2021 година во 16,40 часот во СВР Охрид пријавен е физички напад извршен од С.Р.(66) од Охрид, со привремен престој во Австрија, врз Р.У.(78) од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 17.08.2021 година околу 17 часот, во сендвичара лоцирана на улицата „Димитар Влахов” во Охрид настанал пожар во кој, нема повредени лица. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е целосно изгаснат.СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(26) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад в…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top