Од Центарот за јавно здравје посочуваат која е нивна должност при објавување на резулатите од испитуваната вода во градскиот водовод. Во лабораторите на центарот се прават секојдневни физичко-хемиски и микорбиолошки анализи. Светската процедура на објавување на резултатите налага тие да се објават само доколку се откријат отстапувања од законски пропишаните стандарди и нормативи за квалитетот на водата за пиење, нагласува Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Водата не е наш производ за ние да го рекламираме туку регираме само ако таа не е безбедна за граѓаните, вели Точков.
„Ние сме услужна дејнос…
Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид распиШува конкурс за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води.
Обуката која Ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а Ќе се реализира во Охрид во периодот од 19-26 јуни 2017 г.
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови:
-да се на возраст не помлади од 18 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта);-да достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности,…
Воспоставување стабилен сообраќаен режим во пресрет на претстојната туристичка сезона, беше темата на состанокот што денеска на иницијатива на СВР Охрид се одржа со претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и на туристичките агенции од Охрид.
На денешната координативна средба беа договорени интензивни и системските мерки што полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, ќе ги презема ова лето заради елиминирање на одредени проблемски состојби во сообраќајот, посебно евиднетни во текот на летната туристичка сезона.
…
Дивата депонија на Мауцкер гори. Од вчера попладне се забележува како се издигаат облаци чад.
Од Јавното претпријатие Охридски комуналец велат дека пожарот е подметнат. Додаваат дека станува збор за мала опожарена површина.
Од ТППЕ Охрид посочуваат дека работат на ликвидирање на опожарената површина која изнесува околу 500 до 600 метри квадратни. Гасењето на запалената депонија го отежнува ветерот.
Инаку, на просторот Муцкер во изминатите неколку години се депонираше комунален отпад и градежен шут од кој се создаде дивата депонија на неколку километри од градот. За депонијата која во м…
Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски. Носител на проектот за реконструкција на џамијата е ИВЗ Муфтиство Охрид, како дон…
Утре е меѓународниот ден на мајката. Овој ден нема исто значење со 8ми Март, денот на жената. Денот на мајката е посветен на сите мајки во светот со цел да се истакне нивната улога во семејството, при подигнувањето на децата и како една од основните клетки на општеството, но и како важен дел од општествените процеси која придонесува за прогрес во истите. Женскиот центар „Бисера“ веќе петнаесеттина години го одбележува овој ден.
Инаку овој ден ЖЦ „Бисера“ како манифестација го одбележува на ниво на општина Охрид и досега имавме голема поддршка од сите локални самоуправи и оваа година општин…
Младинските работни акции беа најромантичниот дел од Југословенската историја. Љубовта, носталгијата, дружбата и стекнатите хумани навики од тие средби, до ден денес оставија неизбришливи траги кај акцијашите, поточно од времето каде што хуманоста, солидарноста и волонтеризмот беа нивен основен водич на патот кон успехот во животот. Денес во големата општинска сала во Охрид се одржа годишното собрание на Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија на кој присуствуваа 30 делегати од 4 градови Охрид, Скопје Куманово и Штип.
„Волонтерството и акцијаштвото се многу сродни има заеднички допирни…
Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа еден од најголемите настани во земјава, натпреварот по физика. Младите физичари од цела земја беа дел од 41 натпревар, поделени во две категории, осмоодделенци и деветтодделенци. Тие во времетраење од 2 часа решаваа по 5 задачи. Претседателот на Друштвото на физичари на РМ доц. Д-р Боце Митрески вели дека со изучување на физиката, со мал напор може да се постигне голем успех, додавајќи дека за жал во нашата земја има малку физичари, но за среќа сите се вработени и секогаш има дефицит на овие кадри.
„Активностите на Државниот..или целта е популаризација …