Мај 18, 2017

Нови образовни профили во охридското Угостителско училиште

Сега кога деветтоделенците се наоѓаат пред една важна одлука каде да го продолжат своето средно образование, професионален тим од угостителското училиште ги посети основните училишта од градов. Заменик директорот Перчо Божиновски вели дека престојната учебна година очекуваат поголем број на уписи на ученици бидејќи смета дека свеста и кај учениците и родителите е поголема, дека нашиот град живее од и за туризмот и дека на еден ученик со диплома од туристичкото училиште, работното место по 18 година му е загарантирано. „Имаме посета на основните училишта и на учениците им се презентира цело…

Мај 18, 2017

Охридскиот Завод и музеј Денот на музеите ќе го одбележи со изложба во реновирана галерија

Завод и музеј ќе го одбележи денот на музеите со традиционална изложба. По 27 пат ќе бидат изложени современи уметнички дела на уметници од земјава и странство кои оставиле свои дела во музејската збирка, напоменува музејскиот кустос Сашо Блажески. „Претежно станува збор за македонски уметници, млади творци. Има професионалци и од декоративната уметност, накит.Застапени се сите техники , масло на платно , скулптура“, информира Блажески. Со оваа изложба започнува и изложбениот период од Програмата за активности на Завод и Музеј. Во периодот од мај до октомври се планирани 8 изложби или изл…

Мај 18, 2017

„Матурската парада 2017“ во Охрид

И оваа 2017 година продолжува традицијата на одржување на „Матурската парада“, во која учество ќе земат матурантите од четирите средни училишта од Општина Охрид. На 19 мај точно во 12 часот, на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ матурантите повторно ќе го танцуваат матурскиот квадрил, со своите врсници од шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. На овој начин заеднички постепено, заедно со младите од година во година создаваме нова традиција во одбележувањето на матурирањето, што е во согласност со стремежите на младите за меѓусебно поврзување околу една заедничка идеја. …

Мај 17, 2017

Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност

Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност. Деновиве се поставуваат многу прашања околу нејзиниот изглед, висината на минарето за кое се шпекулира дека ќе биде високо 32 мери, а граѓаните прашуаваат и дали е добиено одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој верски објект кој се наоѓа во центарот на градот. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето но вели дека ќе се градело минаре какво што тука постоело во мин…

Авг 19, 2021

ПРВА ЛАПАРАСКОПСКА ОПЕРАЦИЈА НА БУБРЕГ ВО ОХРИД

Тимот на уролози (Др. Мостро, Др. Симоноска, Др.Јован -анестезиолог) под раководство на Др. Горан Балевски,  за првпат изведе лапараскопска операција врз пациент од Битола, каде што беше рецесиран долниот пол на бубрегот поради циста. Пациентот постоперативно се чувствува добро и после 24 часа може да биде испишан од уролошко одделение и да си оди дома. Со оваа операција се отвора ново поглавје за лапараскопски интервенции во Охрид и околината, за што целиот персонал при ЈЗУ Општа Болница Охрид е посебно горд.

Мај 17, 2017

„Охрид трчаТ“

Градот се подготвува за големиот настан „Охрид трчаТ“. Организаторот, Асоцијација за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ најавува настан кој ќе остави белег во нашиот град. Настанот е од спортско промотивен карактер и основна цел е да се даде допринос на растечката тенденција на спортски настани кои се одржуваат во Охрид, вели Иван Цветкоски од Асоцијацијата. Додава дека како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови но и здрава навика за добар психофизички живот. „Ние како асоцијација осетивме клима и потреба за реализација на еден ваков настан…

Мај 17, 2017

Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки

Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми, но е неразумно да тврд…

Мај 16, 2017

Годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓански организации

Трета годишна средба на ИПА 2 механизмот на граѓански организации. На оваа средба граѓанските организации два дена ќе дискутираат и ќе бараат решенија за секторските предизвици, но и ќе споделат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест, информира дека иницијативата е започната во 2012 со 9 граѓански организации за да денес после 5 години во неа се вклучени над 200 организации. „Сметаме дека се она како заклучоци кои ќе произлезат од оваа средба ќе бидат корисни не само за граѓанскиот сектор и за делегацијата на ЕУ во Македонија туку и за…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top