Мај 23, 2017

ЈП „Охридски Комуналец“ со акција за чистeње во Лакочереј, Трпејца и Велестово

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, во текот на денешниот ден беа ангажирани на повеќе локации. Се расчистува патот за црквата “Св. Спас” во с. “Лакочереј”, низ центарот на селото, главната улица и се до мостот, каде што се коси нараснатата трева покрај истиот пат на двете страни, со цел да има поголема прегледност и да можат да се разминат возилата кои ќе циркулираат за предстојниот празник. Друг дел од екипите се ангажирани на косење, уредување, метење и чистење во с. Трпејца. Поради обилните врнежи од дожд во текот на изминатите денови, и поради барање на …

Мај 22, 2017

Охридската цреша стана заштитен бренд

Во светскиот регистар со географско потекло од РМ се запишаа две сорти охридска цреша. Охридските црешни „црна“ и „долгашишка“ станаа заштитен бренд. Напорите на задругата „Охридска черешна“ и Институтот за земјоделие од Скопје по една година резултираа со признавање на географско потекло на овие две сорти овошје. Црешите не само што се наши туку се и најквалитетни сорти во светот, информира Ванчо Стојаноски претседател на задругата. „ Сеуште нашите одгледувачи на цреши не се свесни за ова. Охридскиот регион е влезен во светскиот регистар како препознатлив по црешата. Квалитетот на овие 2 …

Мај 22, 2017

Охридскиот аероклуб продолжува да ниже успеси

Аероклубот Охрид и таму неприкосновен во остварување резултати во овој спорт. Викендов, на државно натпреварување во класата модели со гума F1B првите три места ги освоија членовите од охридскиот аероклуб. Првото место го освои Аљоша Атанасов, второто Климент Масин, а третото му припадна на Александар Цветаноски. Петар Цветаноски во клaсата F1H едрилици јуниор се избори за второто место, напоменува Митко Цветаноски тренер на Аероклубот Охрид. „Во силна конкуренција на 10 клубови Аероклубот Охрид ја продолжува традицијата кога некогаш беше најсилен клуб и секогаш освојуваше едно од трите мес…

Мај 22, 2017

Лактив Туризам за продолжување на летната сезона

Продолжување на туристичката сезона со креирање на нови туристички производи. Целна група на програмата која заеднички ја имплементира Секторот за туризам при општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, се сениорите. Нашата земја заедно со европските партнери, членки на мрежата со езера, Словенија, Италија, Шпанија и Ирска, детектирале заеднички проблем, кратка сезона или сезоналноста. Со цел да го надминат проблемот петте земји се вклучија во реализација на партнерскиот проект Лактив туризам, чија што основна цел е продолжување на летната сезона.Задача на ФТУ е да спроведе истра…

Мај 22, 2017

Дел од централното градско подрачје утре без вода

Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека утре, вторник 23-ти мај, ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Кеј Македонија“ и „Јане Сандански“ од пресекот со улица „Партизанска“ кон „Кеј Македонија“. Прекинот ќе биде од 8 до 14 часот.

Мај 20, 2017

Наскоро докторски студии на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Контиунуиран раст на бројот на запишани студенти на на универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Сите студии на универзитетотсе одвиваат на англиски јазик, што подоцна ги прави конкурентни на светскиот пазар на труд посебно во сферата на информатичките технологии. Годинава за прв пат во историјата ќе се воведе и програма за докторски студии коишто ќе го зголеми квалитетот на обрзовните и научно истражувачките активности на универзитетот, истакна Ректорот Нинослав Марина. „Не само да работат за странски компании, туку да работат од дома за странски компании, мног…

Дек 29, 2021

Санкционирани 3 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол

На 28-ми и 29-ти декември 2021 година од 21 до 02 часот, на подрачјето на Охрид, извршена е засилена акциска сообраќајна контрола. Притоа, полициските службеници затекнале 3 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. СВР Охрид, во пресрет на празниците, ќе ги интензивира сообраќајните контроли на целото подрачје, со цел зголемување на сообраќајната безбедност. Апелираме до сите учесници во сообраќајот, а пред сѐ до возачите да се придржуваат до сообраќајните пр…

Мај 19, 2017

Матурска парада за убав завршеток на средношколските денови

Точно напладне по единаесетти пат на плоштадот „Св. Климент Охридски“ се слушнаа звуците на штраусовиот Лилјак. Матурантите од охридските средни училишта облечени во црвени и жолти маички, пред многубројната публика во која покрај родители и нивни блиски имаше и многу љубопитни минувачи, го танцуваа матурскиот квадрил. Како и секоја година, така и оваа, преку матурската парада, младите ја пратија универзалната порака за ненасилство и мир. Парадата засекогаш ќе остане во нивното сеќавање како една убава завршница на средношколските денови. Оваа парада сигурна сум дека ќе ја памети секој од …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top