Мај 24, 2017

Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов

Општинскиот пазарен инспекторат во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и со туристичките инспектори од Локланата самоуправа, ги чешлаа вилите во градов. Проверуваа дали во согласност со нивната категоризацијата поседуваат решение за работа. Контролирани биле преку 60 субјекти на територијата на Општина Охрид и тоа во Велестово во Коњско и Рача. Оваа акција била на иницијатива на ХОТАМ бидејќи ваквите приватни субјекти кои го прекршуваат законот преставуваат нелојална конкуренција за хотелите. Тие сите поседуваат решение за категоризација меѓутоа на лице место по утврдување…

Мај 24, 2017

Општина Охрид ги награди најдобрите ученици

Награди за ученици кои највисоко се рангираа на регионалните и државни натпревари. За нивниот постигнат успех со кој се гордее градот , Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска пред споменикот на сесловенските просветители Кирил и Методиј им додели околу 230 награди. Учениците искажаа голема благодарност за ваквото признание, а наградите за нив претставуваат мотив плус и понатаму да продолжат со успеси. „За мене овие награди се со големо значење. Им благодарам на сите, посебно на градоначалникот. Ова ме инспирира да продолжам со успеси понатака а истото им го посакувам и на дру…

Авг 19, 2021

Православните христијани денес го празнуваат Преображение Господово

На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан.Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.На Преображение за пат пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослов…

Мај 24, 2017

Доцни влезот на трет мобилен оператор во земјава

Третиот мобилен оператор доцни со влез на македонскиот телкомуникациски пазар. Од Агенцијата за електронски комуникации AEK информираат дека има услови и пред услови за влез на нов мобилен оператор. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, вели направени се измени во регулативата, ослободена е фрекфенција и се остварени контакти со многу заинтересирани мобилни оператори, но сите тие чекаат поповoлна политичка клима во земјата, посочува Димитријоски. „ Имавме остварено доста контакти имаше инетерсод оперaтори, сега не можам да кажам дека нема, но политичката ситуација во државата допринесе сет…

Мај 24, 2017

Земјотрес во Албанија почуствуван во Охрид

Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Европската макросеизмичка скала ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот на 43 км североисточно од Тирана. Земјотресот беше почуствуван и во Југозападниот регион на Македонија.

Мај 24, 2017

Ден на словенските просветители

Свети Кирил и Методиј се браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папат…

Мај 24, 2017

Условни казни за насилниците во Собранието

Деветтемина обвинети за насилството во Собранието денеска беа осудени на условни казни за делото за кое се товареа – учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување на службена должност. Осуммина од нив добија условна казна од шест месеци доколку во рок од година и половина не го повторат делото, а само еден од обвинетите доби условна казна од година и шест месеци доколку во рок од 5 години не го повтори делото. Сите обвинети претходно пред Судот се изјаснија за виновни за делото. Судијката Милка Ангеловска – Васевска при соопштување на пресудата рече дека тие се виновни за дел…

Мај 23, 2017

„Спортот и семејните вредности“

„Спортот и семејните вредности“. Под ова мото во спортската сала од Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг на кој учествуваа основци од речиси сите училишта во градов и нивните родители. Тие низ игра ги одгатнуваа спортските задачи кои беа навистина интертесни и предизвика воодушевување и кај учесниците и кај публиката. На присутните им се обрати поранешниот Европски првак во карате, Наташа Илиевска Јордановска која рече дека задоволството е големо да се вид…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top