Мај 30, 2017

Лајонс клубот „Охрид“ од Охрид, одбележува 10 години од постоењето

Во рамки на одбележувањето на овој значаен јубилеј утрово во 10 часот во централна градинка „Јасна Ристеска“ ќе биде промовиран проектот „Офтамолошки скрининг“ за рано откривање на диопртија кај деца на возраст од 3-6 години, со кој ќе бидат опфатени 200 деца. Во 13 часот во просториите на Црвен крст Охрид клубот ќе донира 25 пакети со основни прехрамбени и хигиенски производи на социјално загрозени семејства, по што во ОУ „Григор Прличев“ ќе биде предадена донација од 100 бели рози.

Авг 19, 2021

Охриѓани и стружани со голем интерес за „Ти си твојот град“

34 граѓани во месец јули пријавија проблем на повикот на ТВМ во рамките на рубриката „Ти си твојот град“.  29 пријави се однесуваат на градот Охрид, а 5 се од соседна Струга. Проблеми пријавуваат лица од 30 до 60 години. Еднаков интерес има и од  мажи и жени, а најзастапена е старосната група од 30 до 45 години.  Најголемиот дел пријави се за проблеми од сообраќајната сфера дури 15, 11 се однесуваат на комунални проблеми, за инфраструктура и урбанизам имаше исто 11 пријави, а 10 пријави се за еколошки проблеми. Најмалку, односно по една пријава има од здравство и туризам. Граѓаните нај…

Мај 30, 2017

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со акцијата за собирање кабаст отпад

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид на 31.05.2017 год.(среда), ќе организира акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Косел, Вапила и Ливоишта. -Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат, информираат од „Комуналец“.

Мај 29, 2017

Како ќе функционира градов летово

Охриѓани прашуваат каков режим на сообраќај ќе има ова лето во градов. Бидејќи секоја година со одлука на совет се носи ново сообраќајно решение кое важи во текот на летната сезона, а мандатот на советот заврши уште на 24 март, се јави дилема како ќе биде решено ова прашање. Сообраќајниот режим е многу важен бидејќи во Охрид на лето речиси и да не може да се вози поради големиот метеж кој го создаваат зголемениот број возила со кои доаѓаат туристите. Со летниот режим кој функционираше години наназад дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел имаат сообраќај само во ед…

Мај 29, 2017

Украдени садници кај спомениците на паднатите борци

Зимзелените дрвца кои беа засадени во Спомен паркот на паднатите борци од активностите на здружението „Брег на младоста“, откорнати и украдени. 20тина стебла на ела од пред една недела ги нема во паркот. Група на вандали украле 15 елки при тоа не почитувајќи ја историјата на паднатите борци и заштитената флора на Националниот парк Галичица, но и непочитувајќи ги младите кои за прв пат засадија садници и се радуваа на своето постигнато дело, вели Теа Петкоска- претседател на младите волонтери на здружението „Брег на младоста“. Волонтерите на здружението „Брег на младоста“ овие дрвца ги пос…

Мај 29, 2017

Расте конзумацијата на вино кај македонците

Конзумацијата на вино во Македонија оди во нагорна линија. Земјата со своите климатски предизпозиции располага со високо квалитетни сортни вина, но кутурата кон виното сеуште се гради кај нас. Во моментов недостасува навиката за пиење на пенушливи сорти на вино, а побарувачката на белите и црните сортни вина засега е подеднаква. Расте побарувачката и на розе вината. Статистиката покажува дека македонците пијат годишно 10 литри вино по глава на жител, посочува Јани Богевски директор на винаријата Кралица Марија од Демир Капија. „ За нас е ниско, но се повеќе се зголемува на ниво на државата…

Мај 29, 2017

Пензиските фондови со информација за граѓаните за придобивките од членството

Како да станам член на вториот и третиот пензиски столб, колку моите средства се безбедни, колку пари досега имам заштедено за пензионерските денови, кога може да почнам да ја користам пензиската заштеда и дали може да ја подигнам цела …, се прашања кои најчесто си ги поставуваат граѓаните кои членуваат во задолжителните и/или во доброволниот пензиски фонд во земјава. Одговорите на сите овие прашања сега може да ги добијат на интернет страницата www.penzija.mk, каде ќе најдат бројни корисни информации поврзани со пензиските заштеди и начинот на функционирање на пензиските фондови на друштв…

Мај 29, 2017

Повторно кражби на цвеќе од јавните поворшини

Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот “Парк”, несовесноста на граѓаните продолжува. Забележана е нова и поголема кражба, каде што се украдени 40-тина садници од видот “Џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите што циркулираат на тој дел од градот.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top