Јун 20, 2017

„Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници

Дневниот центар за грижа на лица со интелектуална попреченост „Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници. Со донацијата од австралиската амбасада во РМ во висина од 5 926 австралиски долари се набави нова опрема за кујната на центарот, техника и мебел. Денес во посета на центарот беше австралиската амбасадорка Џулијан Фини, која го помага центарот веќе две години. Ја придружуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој изрази огромна благодарност од оваа нивна соработка. Со реализацијата на овој проект кој беше потпишан во декември значително се подобрија условите за престој …

Јун 20, 2017

Земјотрес со јачина од 4.1 степен го стресе Охрид

Земјотрес со јачина од 4.1 степен според европската макросеизмичка скала во 15:10 по локално време, го потресе денес Југозападниот дел на нашата држава, пренесува Европската сеизмичка опсерваторија. Епицентарот на земјотресот е на седум километри од селото Јанкоец, или девет километри од Ресен, на длабочина од еден километар. За сега нема информации за материјална штета.

Јун 20, 2017

Започна третото издание на ракомениот камп „Кирил Лазаров 7“

Младите ракометари Борче и Дамјан дел од третото издание на ракомениот камп „Кирил Лазаров 7“. Едниот за прв пат, другиот од самиот почеток на кампот, со нетрпение и годинава очекуваат да уживаат во најпопуларниот спорт, ракометот.Започна третото по ред издание на ракомениот камп „Кирил Лазаров 7“, во организација на агенцијата КМГ Спорт. „Најбитно ми е дружењето и да научиме други вежби за тренинзи“. Па имаме два или три тренинзи на ден, прво почнуваме со загревање, па после со топка. „Од моите другари кои доаѓаа претходните години, беа многу задоволни од тренинизите и сакав и јас да про…

Авг 21, 2021

Нестабилно време и температура до 27 степени во Охрид

Времето денеска во Охрид променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени. Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи – информираат од УХМР. 

Јун 20, 2017

Охридските советници од ВМРО ДПМНЕ ја прашуваат новата влада зошто се сопрени работите на автопатот Кичево- Охрид

Владата итно да даде одговор зошто се сопрени градежните работи на делницата на автопатот Кичево Охрид, бараат охридски советници од ВМРО ДПМНЕ. Тие укажуваат на големата потреба од овој инфраструктурен проект за граѓаните, туристите и индустријата. „Замолуваме и инсистираме во најбрз можен рок да продолжат градежните активности во интерес на граѓаните. На овој автопат мора да продолжи изградбата и да нема негативен пристап кон капиталните проекти започнати за време на владата на ВМРО ДПМНЕ и непотребно да не е на штета на граѓаните“, порача Ангел Јанев  советникот од Вмро Дпмне   Досега …

Јун 19, 2017

Долгот кон ЕВН на ОУ „Григор Прличев“ ги раскара охридксите советници

Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН ги раскара градските избраници. Од 36 те точки на дневен ред таа беше единствената точка по која советниците бурно расправаа. Координаторот на СДСМ Јован Стојаноски смета дека со тоа што 2 и пол години како советници кревале рака се согласувавале за исплата на долговите предизвикале само негативен повратен ефект, односно проблемот се ставал под тепих и овој пат тие гласаа воздржано, сметајќи дека еднаш пред јавноста треба да се отворат картите. „Ние 4 години не најдовме решение за овој горлив проблем кој што го тангира ра…

Јун 19, 2017

Пеш до врвот „Магаро“

Пеш до врвот „Магаро“. Планинскиот маратон кој го реализираа двајцата вљубеници во планините, Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески, заврши успешно. Тие изодеа пеш 50 км по Галичица, од Охрид до врвот „Магаро“ и назад до Велестово. Целта на овој нивни пионерски подвиг била да ги поттикнат граѓаните да се раздвижат и да биат дел од природата. Мотото на овој маратон беше„Движи се, да не заборавиш да одиш“. Секој може во текот на денот да најде половина или еден час за да направи некоја физичка активност. За потфатот трениравме секојдневно три и пол месеци. Оваа траса во изминатиов период ние ја…

Јун 19, 2017

Давеник во Охридското езеро

Безживотно машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top