Одбележан 24 јуни денот на Балканските Египќани. На прославата присуствуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски. При тоа министерот кажа дека определба на новата Влада е да гради едно општество за сите, еднаквост во правата и можностите на сите заедници.
„Во областа на културата ќе дејствуваме во правец на децентрализација на културно развивање на можностите да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење. Создаваме нови можности за вистинско и успешно унапредување на културата на сите заедници. Со особена грижа на оние заедници кои подолго време беа запоста…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Б.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.
Тој, на втори август 2021 година, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркиран автомобил „Шевролет Каптива“, сопственост на 47-годишниот Д.Т. од Охрид и физички го нападнал, му се заканувал со остар предмет, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства и се обидел физички да ги нападне – информираат од СВР Охрид.
Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.
„ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро тим од Министерството за …
Излегоа квотите за прием на нови студенти на државните факултети. Охридскиот факултет за туризам и угостителство оваа академска 2017- 2018 година, доби добра квота од 430 нови студенти. Деканот на факултетот Цветко Андреески вели застапени се сите студиски програми, но откри и една новина во тој дел.
„Она што е ново за оваа академска година е обновување на квотата за студиска програма безбедност и финансиска контрола и очекуваме поголем интерес за нови студенти во однос на она што го имавме минатите години“.
Минатите години во трите уписни рокови на факултетот за туризам и угостителство с…
Владата сериозно ќе пристапи кон надминување на проблемот со струшката депонија, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при неговата посета во Охрид. Тој истакна дека овој проблем кој има децениска природа, посебно бил актуелизиран со доаѓањето на новата Влада.
„Јас како министер, заедно со Владата направивме се, прво пожарот кој што беше на депонијата да биде изгаснат. Тоа го направивме иако бевме обвинувани дека не сме правеле ништо, ете за жал претходната власт не направи ништо последниве 11 години околу депонијата и морам конкретно да кажам дека сериозно сум револтира…
Охрид како атрактивна туристичка дестинација, секогаш отвара можности за внесување на нови производи во туризмот. Пред нецели два месеци отпочна реализација на проектот ЛАктив туризам, во кој проект се вклучени Локалната самоуправа, ФТУ и Туристичката агенција Вис Пој. Денес во хотелот Милениум се одржа завршниот настан од овој проект, на кој беа презентирани истражувањата кои ги направи охридскиот факултет за туризам, а беа презентирани и конкретните туристички производи. Туристичките експерти сметаат дека преку ЛАктив туризмот, чија што таргет група е сениорската популација на граѓани, мо…
На годинешното издание на СВП ќе бидат присутни 30 учесници од 5 континенти, а меѓу нив и голем број поетски звезди од сите меридијани. Кинескиот поет Дуо Дуо, лауреатот на Торонто, Ен Мајклс, најатрактивниот полски поет Ришард Криницки, ова се дел од триесетината поетски имиња кои ќе учествуваат на 56 издание на „Струшките вечери на поезијата“ , истакна Славе Ѓорго Димоски, Претседателот на УО на СВП. Ѓорго Димоски ја соопшти програмата на годинешното издание на поетската манифестација , а најави и нови содржини.
„ Тие пред се се однесуваат на сценски прикази и перформанси и лично презент…
Рајнхард Прибе, правен експерт , дипломат од кариера и изготвувач на Извештајот за Македонија, кој беше составен дел од Пржинскиот договор, денеска присуствуваше на Охридската школа за природно право. Прибе пред магистрантите и докторите по право и политички науки имаше излагање во врска со владеењето на правото и европските интеграциски процеси. Прибе пред новинарите кажа дека не е дојден во политичка посета туку на средба со учесниците на школата пред кои ќе зборува за демократските предизвици на земјата и функционирањето на вредностите на Европската унија.
„ Немам конкретни пораки нити …