Охридските мајстори Михајло Филев и Митко Укоески ги споија знаењата и вештините од своите занаети. Изработија уникатен накит од филигран и бисер опточен со камења од македонски рубин. Во првиот заеднички проект наречен три во едно на охридските мајстори им се приклучи и познатиот македонски брусач на скапоцени камења Дејан Шкартов. Нивна идеа е да создадат бренд по кој Македонија ќе биде препознатлива во светот со овој уникатен накит.
„ Ние сме млади мајстори изработувачи, но сме воспитани во еснафскиот дух и сакаме да се одвоиме од трговците. Ова го создава рака,а не машина. Кон тоа тежн…
Купувачите во летните топли месеци ги посетуваат градските аптеки. Се бараат разни видови лекови секој според своите здравствени или превентивни потреби. Меѓу најкупуваните фармацеутски производи во лето се пробиотиците и кремите за сончање, напоменуваат од охридската Галиум аптека. Пробиотиците се добри бактерии кои помагаат за балансирање на средината во целиот организам. Помагаат да сме здрави и отпорни на штетни бактерии и микроорганизми, напоменува дип. Фармацевт Љубица Јолеска.
„ Пробиотиците се купуваат во зависност која вироза владее. Следуваат средствата за сончање. Даваме препора…
Џез викенд на програмата на фестивалот „Охридско лето. Во наредниве неколку денови во рамките на фестивалот сите љубители на џез музиката ќе имаат можност да уживаат во џез изведбите на врвсни светски музичари.
Вечерва фестивалската публика ќе биде почестена со два настани, прво ќе настапат Доминик Џ. Маршал Бенд, Холандија и В.Британија со Почеток 21:00 часот на Локација Долни Сарај, додека во 22:30 часот на Локација Долни Сарај изведбите на MOMБ Данска & Памперз оф д фол (со гудачки квартет).
Театарот „ Јордан Х.К – Џинот“ од Велес вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ за љубителите на театарската уметност ќе донесе уште едно незаборавно доживување, истакна драмскиот селектор Зоран Љутков .
„Визуелен, драмски, ликовен, музички спектакл. Сигурен сум дека таа претстава ќе има и поголем уметнички квалитет и од матичната куќа, гледајќи ја синоќа генералната проба“, истакна селекторот.
„Ана Комнена“ е претстава на истоимениот драмски текст на охриѓанецот Сашо Димоски. Претставата ја донесува личната драма на византиската принцеза Ана Комнена која иако легитимен престол…
Дебрчани се против изградбата на регионална депонија за одлагање на цврст отпад во Општина Дебрца. Општина Дебрца претставува еколошки чиста средина без тешка индустрија, а е дел од сливното подрачје на Охридското Езеро, па поради тоа недозволива е изградба на регионална депонија за одлагање на цврст отпад, истакна Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски.Согласно Законот за управување со отпад одлука за изградба на регионална депонија одлука носи советот на Општината, додаде тој.
„Општина Дебрца е најмал создавач на отпад па така недозволиво е ниту од економски ниту од еколошки ас…
Во охридскиот градски совет во последните 4 години функцијата советник е постојано деградирана, реагираат советниците Јован Стојаноски од СДСМ и Јоне Станкоски од ВМРО НП. Доведени сме во ситуација само да го подигнеме гласачкото ливче , критикуваат совениците од опозицијата. Ние сакаме конструктивни дискусии во градскиот совет, подвлекува Стојаноски.
„Ние како советници материјалите не ги добивме навреме. Критиката е упатена за начинот на доставување на материјалите како советници за да може да дискутираме. Не сакам да доаѓам на седница неспремен без да знам детали од она што ќе се одлуч…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од 16.8.2021 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.
Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува …
Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион. Денес преставници од Министереството за животна средина и просторно планирање пред охриѓани и останатите присутни на јавната расправа ги презентираа предностите од изградба на една ваква регионална депонија и бенефитите ко ќе се добијат од истата. Целта на јавната расправа беше да се објасни дека оваа регионална депонија која е неопходно час поскоро да се изгради нема да ја загрози или загади животната средина.
Со овој проект ќе бидат опфатени сите нестандардни депонии и ѓубришта кои се наоѓаат во регионот и за сите нив во м…