Фев 26, 2022

Кривична за поранешен директор и секретар на „Општа болница“ Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42) двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените во текот на 2016-та година во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три последователни работн…

Авг 9, 2017

„Во рогот на волот“ под шифрата Чадор е добитник на наградниот конкурс „Живко Чинго“.

Насловот „Во рогот на волот“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Комисијата за доделување на општинската награда Живко Чинго, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Алексоска и поетот Славе Ѓорго Димоски едногласно ја донесле одлуката најдобар расказ да му припадне на „Во рогот на волот“ под шифра „Чадор“. „Овој расказ се издвојува со извонредна наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи“, истакна проф. д-р Ди…

Авг 25, 2021

Воска Спорт новата сезона од ВМФЛ ја отвора денес против Гостивар

ФК Воска Спорт новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ја отвора денеска против Гостивар на гостински терен. Натпреварот започнува во 16 часот. Инаку, Воска Спорт е вистински хит ова лето во македонскиот фудбал. Иако до вчера беше во Трета лига, изминатиот период во контролните натпревари ги победуваше Македонија ЃП, Борец, етаблирани наши прволигаши, а си поигруваше и со клубови од Елитната лига на Албанија. Јавноста ја потенцираше екипата на Воска Спорт како една од фаворитите за самиот врв на табелата и пласман во Првата фудбалска лига на Македонија.

Авг 8, 2017

Голем интересот на граѓаните за превентивните прегледи

Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението за мозочни удари во соработка со Црвен крст Охрид организираа првентиван акција за мерење на шеќер во крвта , притисок и ЕКГ. Зоре Димоска претседател на здружението на лица со дијабет Тип 1 посочува дека акцијата е планирана во нивниот годишна прогарма за работа и има цел едукација на населенито за заболувањето како што е шеќерната болест. „Ситуацијата е алармантна во светот не само кај нас. До 2025 година се смета дека секој втор би бил дијабетичар. Се прави превентива , а оваа акција е во таа насока да се сврти поголемо внимание кон ова …

Авг 8, 2017

Охриѓанецот Давид Ѓурчиноски се фотографира со Роналдо

Денес Давид го облече дресот со автограм на неговиот идол, популарниот фудбалер од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Два дена охриѓанецот Давид Ѓурчиноски е дел од отворениот тренинг на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на Арената Филип Втори каде вечерва овие два тима ќе си ги одмерат силите.   „Ни на сон не можев да поверувам дека еден ден ќе се фотографирам со мојот идол Кристијано Роналдо“, вели скромниот Давид кој активно тренира фудбал во Охрид.     Денес кога неговиот сон стана реалност, тој на социјалната мрежа фејзбук сподели низа фотографии и со останатите фудбалери на Реал Ма…

Авг 8, 2017

Заев:Нашата земја не може без дијаспората

Новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев, најавува политика која ќе биде поблиска за дијаспората. Тој истакна дека нашата земја не може без дијаспората и се надева оти еден дел од луѓето во дијаспората ќе се вратат назад во својата татковина. Премиерот Заев смета дека Агенцијата за иселеништво дали постоела или не, не си ја вршела својата функција. „Агенцијата за иселеништво овие денови ќе добие свои нови раководни структури кои што мора да ја засилат комуникацијата и контактот со дијаспората на многу оперативен начин во интерес на дијаспората. Новината е тоа што сега имаме министер…

Авг 8, 2017

Православните верници денес го слават празникот посветен на Св.Петка

Манастирот Св.Петка во близина на Велгошти, охридско, денес  беше исполнет со голем број верници. Охриѓани и мештаните масовно го посетуваат ова свето место и го празнуваат овој празник. „Тие се молат за здравје на своите блиски и упатуваат благослов до сите за мир и благосостојба на луѓето“. Отец Никола Кипријанов кажува за значењето на овој празник кој секој 8 август и во очи на овој ден е масовно посетен од христијанските верници кои доаѓао манастирот  во чест на Велика Параскева, во народот позната како Св.Петка Римјанка. Свештеникот раскажува дека верниците не само што масовно доѓаат…

Авг 7, 2017

Импровизирани тезги распослани на тротоарите околу градскиот пазар создаваат сообраќаен метеж

Понеделник е пазарен ден во Охрид, но истовремено и ден кога туристичкиот центар пред гостите испраќа грда слика и сообраќаен хаос од т.н место градски пазар. Тротоарите околу пазарот се претвараат во продажен простор со поставување на импровизирани тезги на земја. Се создава невидена мешаница која наликува на земјите од третиот свет. Коловозот за мотороните возила се претвора во место каде што се создава сообраќаен хаос при несоодветното тргување. Тука врие од продавачи и купувачи, паркирани возила за дотур на стока, пешаци  и разни учесници во сообраќајот кој едвај се разминуваат, а многу…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top