Авг 12, 2017

Ајдарски од Бугарија е победник на Меѓународниот Олимписки Пливачки Маратон

Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште. Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски. Боите на Македонија на овој маратон ги одб…

Авг 12, 2017

Македонското вино и сирење се надалеку прочуени

Викендов нашиот град во знак на „Фестивалот на вино и сирење“. Продолжува традицијата македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење, на едно место, на неколку штандови на плоштадот Крушевска Република во Охрид да ги презентираат своите производи пред туристите и останатите посетители. Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев вели дека оваа манифестација е само продолжение на бројните активности кои ги организираат заедно со граѓаните. „Денес сме сведоци на спојување на два вкуса две убавини, убавината на виното и сирењето од една страна како пр…

Авг 12, 2017

Велгошти и годинава достојно ќе го одбележи Денот на Живко Чинго

„Твое е само она што ќе им го дадеш на другите“. Овој стих на Живко Чинго стои врежан на плоча во атарот на црквата Св.Петка во Велгошти. По повод роденденот на големиот поет утре во прекрасниот амбиент пред неговата спомен биста, веднаш под црквата Св Петка, традиционално ќе се одржи Денот на Живко Чинго. Ѓоко Чингоски од Месната заедница Велгошти, вели дека цели 3 децении достојно и со гордост го величаат неговото дело, но сепак скромно, бидејќи оваа манифестација сеуште не е во програмата на Министерството за култура каде што и е местото. „Ние се трудиме како месна заедница да ја збогат…

Авг 11, 2017

Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор.

Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади. „Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се мобилизираат повеќе граѓани и фирми к…

Авг 25, 2021

Маж од Турција физички ја нападнал сопругата во Охрид

На 23-ти август 2021 година, во 20:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 40-годишниот М.Т. од Република Турција, со живеалиште во САД. Истиот ден, во 19:00 часот во куќата на родителите на неговата сопруга, 39-годишната С.А. од САД, по претходна семејна расправија, физички ја нападнал неа и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот – информираат од МВР.

Авг 11, 2017

Матурантите и официјално и кажаа збогум на гимназијата

Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите потенцијали и да сонуваат, …

Авг 11, 2017

Прв олимписки маратон во Охрид

Олимписки маратон во Охрид. Станува збор за прв олимписки интернационален пливачки маратон кој во сабота на 12 август ќе се одржи на крајбрежната линија на Кеј Македонија со почеток во 12 часот. Конкуренцијата ќе биде силна бидејќи на маратонот ќе учествуваат пливачи од 7 земји кои се на топ листата меѓу 20 те најдобри во светот. Вкупно 13 пливачи ќе пливаат во водите на Охридското езеро, од нив 10 се во машка конкуренција, додека три ќе се борат за првата позиција во женска конкуренција вели, Сашо Точко, претседател на организациониот одбор. „Сонот кој што години наназад го имаме како ент…

Авг 10, 2017

Есенва ќе се шетаме по уредена патека до Билјанини извори

Пешачката патека од мостот према Билјанини извори полека ама сигурно го добива својот лик. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства. Интензивно се работи на нејзиното уредување бидејќи рокот за комплетна реализација на овој проект е 12 месеци. Градежните работи започнаа во октомври минатата година. Патеката требаше побргу да биде пуштена во употреба, но поради некои технички проблеми работите се пролонгираа. Динамиката сепак е запазена и таа ќе биде пуштена во употреба до крајниот рок. Јас се надевам дека до крај …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top