Од Министерството за здравство апелираат до младите лица да се вакцинираат, бидејќи се повеќе млади развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19.
Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот. Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на бол…
Несекојдневна изложба на фотографии со наслов „Шшш… Гола сум!“. Младата скопјанка Марина Трајковска синоќа во Охрид во „Објектив бар“ ја имаше својата првата самостојна изложба. Таа пред камерата на ТВМ открива од каде добила инспирација храбро и помалку невообичаено за нашите простори да изврши селекција од 15 фотографии на голо женско тело.
„Да бидам најискрена јас овој потег не го сметам за толку храбар бидејќи самата голотија како голотија е нешто ново кај нас, но во светот тоа е сосема нешто вообичаено и не се реагира на тоа чудно и мислам дека оваа изложба е невообичаена за нашиве …
Се прават завршните подготовки за учество на НУ “Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид“ на Форумот на словенските култури во Блед. Во видео презентација ќе биде прикажан дел од огромното културно наследство кое го има Охрид, а во кој ќе бидат претставени Куќата на Робевци, на Христо Узунов и Григор Прличев, како и Галеријата на икони, Самоиловата тврдина, ранохристијанските базилики, Музејот на вода, набројува кустосот Милчо Георгиески.
„Сега сме во фаза на подготовка на видео материјалот за да ја претставиме институцијата и нашата работа. Тешко е од огромното богатство да го со…
Новите подземни контејнери кои неодамна беа поставени наспроти маркетите Тинекс и Рамстор, нов проблем за ЈП „Охридски Комуналец.“ Иако во нив се одлага голем дел од отпадот кој граѓаните, кафулињата и останатите угостителски објекти како и маркетите во овој дел од градот го создаваат, добар дел од отпадот завршуваше и пред контејнерите. Несовесните го оставаа пред нив правејќи цела планина од смет и создавајќи грда слика во центарот на градот.
Имавме проблеми посебно во ноќните часови кога се оставаа цели вреќи со отпад до самите подземни контејнери поради тоа бевме приморани да ангажирам…
На факултетот за туризам и угостителство започна трката за индекс на новите студенти. Кандидатите од денес па во наредниве два дена ќе се пријавуваат во првиот уписен рок, на седум студиски програми. Деканот на факултетот Цветко Андреески информира дека годинешнава квота изнесува 430 студенти од кои 215 ќе бидат во државната, додека пак останатите се во квотата на самофинансирање.
„Од квотата сме задоволни бидејќи е повисока во споредба со минатите години, очекуваме број на студенити како и минатите години, односно околу 300 нови студенти да се запишат во трите уписни рока, кои ќе ги имаме…
Покрај за Предлог Одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година, овој петок градските избраници ќе дискутираат и за Предлог Одлукаи за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 и 25 ученици во неколку основни и среди училишта. На дневен ред ќе биде и усвојувањето на Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии, како и Предлог Одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ Охрид со помал, односно поголем број деца од зак…
Камерниот оркестар „ЕЛК“ е релативно нов оркестар, основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари. Нивна идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална музика, при што тие …
Затварањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна Михајло Апостолски. Од неколку локации овој простор е избран како најавтентичен за да се одигра завршната претстава на Охридско лето. Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов.
Охридската касарна избрана како најавтентична локација за претставата „Ничија земја“. За локацијата согласност дал и Александар Морфов , во моментов најпознатиот европски режисер. Театарската претстава „Ничија земја“ има…