Фев 10, 2021

Расте бројот на заболени од карцином на дојка во Југозападниот регион во земјава

Расте бројот на заболени од карцином  на дојка во Југозападниот регион во земјава. Во здравствениот дом во  Вевчани, цели 18 години се вршат ехо прегледи  и мамографија на дојки. Освен вевчанки, стружанки, охриѓанки,  дебранки,кичевчанки и  ресенчанки   доаѓаат и жени од други градови од земјава, но  и од соседна Албанија.Единствениот радиолог во оваа установа, д-р Жарко Даскалоски, прегледува и по 2.700 жени годишно. Само во 2019 откриени се 44 карциноми во регионот, а во пандемијата во 2020 година 35. „Свеста од година во година расте и тоа мене ме радува како лекар по дијагностика затоа …

Ное 23, 2021

НОВИ ЛЦД ПРОЕКТОРИ ЗА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Со финансиски средства на Општина Охрид во вредност од 89.090 денари набавени се ЛЦД Проектори со држач за првачињата од ООУ „Братство Единство“ и за четвртоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ од Охрид. По претходно распишан тендер за изведувач е избрана фирмата ДООЕЛ „Албатрос“ од Скопје. Целта на проектот е да се подобрат условите за реализирање на предвидената воспитно образовна програма за учениците од основните училишта во градов.

Фев 10, 2021

Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

Од продукцијата на издавачката куќа Просветно дело НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги препорачува своевидните енциклопедии: Историја на античкиот свет од Мишел Анхелико и 1001 Прашање и одговори за човечкото тело. Во денешниот избор од нови книги ви ги препорачуваме и следниве наслови: Цвеќиња од Круш Афонсо – Полица, Не е баш совршената мајка во издание на Сакам книги од авторот Ејми Молој, Еден плус еден од Мојсеј Џоџо и Вдовицата од Фиона бартон, обете во издание на Култура како и трите следни наслови во издание на Матица македонска: Девојчето што молчеше од Јорт Микаел, Цвеќе …

Фев 10, 2021

Кај 25 охриѓани утврдено присуство на британската мутација на вирусот

Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот. Најголем број случаи се откриени во Охрид 25, Прилеп 10 и Кавадарци 4,соопшти Институтот за јавно здравје.Во текот на минатата недела, од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем …

Фев 10, 2021

Веб страната за пријавување за вакцина против Covid-19 утрово не функционира

Сите граѓани кои утровопројавиа интересе да се пријават на веб страната www.vakcinacija.mk, наидоа само на празна веб страна со логото на Министерството за здравство и најава дека страната ќе стане функционална, наскоро. Министерот за здравство венко Филипче, вчера истакна дека вкцинацијата во Скопје ќе се одвива во сите скопски поликлиники. Го направивме оперативниот план, 880 лица дневно ќе се вакцинираат, а близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар. Поликлиниките Букурешт, Јане Сандански и Чаир ќе работат од 8 до 20 часот, а останатите по една смена. Децата од претшколска и школска возр…

Фев 10, 2021

СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангеловска за денес ја свика педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 11:00 часот. Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата на совет е само една точка, Советнички прашања.

Фев 10, 2021

Изградбата на колекторски систем од Радожда до Калишта еден од приоритетите на владата за 2021-2022 година

На последната 44-та седница на владата на Република Северна Македонија, а во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга. Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за финансии да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година.

Фев 9, 2021

Мајстор Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати

Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати во неговиот сервис за електроника. Паункоски во овој занает на електрониката е повеќе од 5 децении. Како што вели, припаѓа на последната генерација повозрасни охридски мајстори. Големо задоволство му причинува кога ќе поправи радио апарат како што се денес во неговиот сервис , приемникот Искра од педесетите години и Козара од шеесетите години од минатиот век. „Љубовта остана од тогаш до сега. Секогаш ми е мерак кога ќе ми донесат радио, да седнам да го направам, и ништо да нема во него ако треба ќе го склопам.Сатисфакцијата ми е голема…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top