Сеп 15, 2017

Во охридската поддружница на Македонски шуми има доволно огревно дрво

Во охридското стовариште има доволни количини огревно дрво, велат од поддружницата на ЈП „Македонски шуми“. Охриѓани кои зимава ќе се греат на дрва имаат на располагање доволно количини на дабово и буково огревно дрво, информира Нада Митреска директор на ЈП Македонски шуми , поддружница Охрид. „ До почетокот на грејнaта сезона целосно ќе одговориме на нашите обврски кон синдикатите и пензионерите. Има доволно дрва и за нови порачки. Перманентно се носат огревни дрва согласно склучените договори. Дел од населението кое сеуште не одлучило дали ќе користи греење со огрев дрво може да се обрат…

Авг 26, 2021

Недостатокот на луѓе главна причина за недоволно развиениот хидролошки мониторинг на езерото

За хидролошки мониторинг на Охридско езеро потребни се и луѓе и пари. Во Охрид од вкупно 4 мерни станици единствена која е оперативна е главната станица во градот, дополнителните три станици –Калишта, Пештани и Св. Наум не се во функција. На мерните станици во Калишта и Св. Наум има мерни летви, но нема набљудувачи. Наскоро планирани се дигитални станици на овие две места преку донаторски средства. Сензорот на дигиталната станица е исклучен затоа што поради лош квалитет на водата често податоците од терен се неусогласени. Тековно се набавени нови материјали и инструменти за да може да се за…

Сеп 15, 2017

Проблемите на полициите од регионов се речиси идентични

Кога сите бегаат од опасноста, полицијата се соочува со неа. Неспорно, потребна е поголема грижа за безбедноста на полицијата во земјиве од регионов. Преку интензивна соработка на полициските синдикати од земјиве во регионов, преку формирање на еден вид на лабава асоцијација, можно е значително да се подобрат условите за работа на полицијата. „Идејата е преку вакви средби да поттикнеме иницијатива за продлабочување на соработката на полициските синдикати од Балканот, бидејќи се соочуваме со исти проблеми во работата, плати, униформи, опрема, она што знаме дека е проблем кај нас, а и кај сл…

Сеп 15, 2017

Незадоволство на членството од раководството на охридскиот огранок на ВМРО-НП

Потпретседателот на УМС на Македонија на ВМРО–НП и член на централниот комитет на партијата, Мартин Додевски јавно се повлече од истата. „Пријатели, јавно се повлекувам од секаков активизам и поддршка за ВМРО-Народна партија. Причина е ретроградната политика на тесното раководство на партијата која трае веќе 4-5 изборни циклуси наназад без притоа да има било какви промени во раководната структура. Очигледно некои луѓе свесно со намера ја деградираат и девалоризираат партијата на политичката сцена и тука јас не гледам ниту простор ниту поента за мојот интелектуален влог. “ – напиша Додевски …

Сеп 15, 2017

Во партиските штабови се кројат кандидатските листи

Во партиските штабови се кројат кандидатските листи. Рокот за поднесување на листите истекува вечерва на полноќ а според искуството од минатото партиите прават пазарења и во последен момент. Голем дел од имињата кои ќе влезат во трката за градоначалничко или советничко место се веќе познати. Кандидатската листа на охридските социјалдемократи ќе ја предводи специјалистот по интерна медицина д-р Костантин Георгиески. На таа листа се најдоа и имињата на Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска. Добри позиции на листата на СДСМ и поголема веројатност за влез во идниот…

Сеп 14, 2017

Еколошка катастрофа се случува на Коселска река

  На Коселска река и се случува еколошка катастрофа. Во долниот дел од речното корито кај с. Орман нема минимум биолошка вода за опстанок на живиот свет. Еколозите и риболовците од РД Св. Апостол Петар посочуваат дека еко катастрофата се случува неколку години наназад посебно во летниот период. Прстот го вперуваат во несовесното однесување на некои коселчани и во затајување на работата на инспекторските служби. „Во Косел е изградена брана и водата се пренасочува за наводнување. Ние и еколозите реагиравме и порано да се сруши но досега нема разбирање и тоа нанесува несогледливи последици н…

Сеп 14, 2017

Охрид домаќин на четвртиот Конгрес на офталмолози

Хирургија на катаракта и новиите можности за отстранување на пердето со т.н ласерски операции, сесија за глауком, како и сесија за конзервативни заболувања на мрежницата од типот на дијабетична ретинопатија, се главните теми на четвртиот Конгрес на офталмолози на Македонија кој од денес па се до 17 ти овој месец се одржува во Охрид. Проф. д-р Весна Димовска Јорданова вели дека врвни Европски офталмолози ќе дискутираат на овие тем бидејќи овој Конгрес е национален со меѓународно учество. „Првиот ден имаме посебна сесија на Европската асоцијација за катаракта и рефлективна хирургија каде што…

Сеп 14, 2017

О.К. ВМРО-ДПМНЕ: Д-р Митко Тилевски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Со одлука на извршниот Коомитет на огромно задоволство Ве известуваме дека д-р Митко Тилевски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15 октомври. „Носител на советничката листа е претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков.Во ВМРО-ДПМНЕ владее победничка и еуфорична атмосфера. Членството никогаш не било посплотено и единствено, целосно подготвено да одговори на сите предизвици на локално ниво“. „Со голема мотивираност и водејќи се од одговорноста и посветеноста на работата, умереноста, исполнителноста, високата поддршка што ја има меѓу граѓаните, угледот и кредибилитето…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top