Сеп 20, 2017

За едни фасцинантен за други „новиот Хитлер“

Американскиот претседател Доналд Трамп е во фокусот на вниманието откако вчера првпат им се обрати на светските лидери од говорницата во Обединетите нации. Трамповото обраќање на Генералното собрание беше проткаено со остри критики, пред сѐ на сметка на Северна Кореја, и предизвика противречни мислења кај одделни светски лидери.Шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф оцени дека обраќањето на Трамп во ОН бил „говор полн со омраза и незнаење“.Се огласи и иранскиот претседател Хасан Рохани кој ги предупреди САД дека ќе ја изгубат довербата на меѓународната заедница ако го напуштат …

Сеп 19, 2017

Шeесетина стечајци од Емо ќе бидат материјално обезбедени со новиот Закон за стечајци

Во Собранието изгласан Законот за стечајците погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Со законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата ќе им се овозможи на околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари. Меѓу нив се опфатени и шеесеттина стечајци од еден од доелите на охридски Емо кои отидоа во стечај во април 2017 година. Стечајците бараа од охридските пратеници да издејствуваат измена на предлог законот и да бидат опфатени и тие. Во владиниот предлог за…

Сеп 19, 2017

Замена на старата дограма е најприоритетно за повеќето охридски основни училишта

На врвот од прироитетните листи во повеќето основни училишта во градот е замена на дотраената дограма. Поставување на современи врати и прозори е приоритет за менаџерите на училиштата кои успеавме да ги исконтактираме. Силвија Мојсоска директор на ОУ Григор Прличев ја нагласува оваа потреба ,а кажува дека за старата училишна зграда која претрпела помали ошетувања во јулскиот земјотрес добиле препораки да се реконструираат ходниците и ѕидовите. Потреба има и од промена на подни плочки во двете училишни згради, напоменува Мојсоска. Во една од најстарите училишни згради во општина Охрид, на …

Авг 26, 2021

Утре ќе се знае официјалниот став на Зоран Ногачески за кандидатурата

Информацијата за независна кандидатура на досегашниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, која денес беше објавена од страна на некои медиуми, официјално не е потврдена. Градоначалникот на Општина Дебрца, за ТВМ вели дека има такви размислувања, но сеуште не е ништо дефинирано. Подетално ќе се знае во текот на утрешниот ден, а ТВМ Телевизија ќе го пренесе официјалниот став.

Сеп 19, 2017

Владата изготвува Национална стратегија за справување со насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам

Македонија мора да има стратешки пристап кон актуелните теми како што е насилниот екстремизам, радикализам, тероризам и менаџирање на кризни ситуации и не смееме да дозволиме екстремистички организации да се споротивставуваат на нашиве вредности за универзални човекови права, еднаквост пред законот демократија и целосно функционирање на нашето општество, истакна Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората Конференција за справување со верски екстремизам, која што се одржува во Охрид. Спасовски истакна дека првите чекори за јакнење на капацитетите на државата како одговорна Вл…

Сеп 19, 2017

Помина законот за минимална плата

Во законодавниот дом вчера пратениците со 70 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, го изгласаа Законот за минимална плата кој предвидува таа да изнесува 12.000 денари. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека предлог законот за зголемување на минимална плата нема да го подобри стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата. Според нив, предлогот на Владата е предизборна популистичка мерка на краток рок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за нив е посебно спорна одредбата од законот која предвидува минимална плата од 12.000 денари да добиваат само работниците кои ќе исполнат најмалку 80…

Сеп 19, 2017

Кривична за охриѓанец за напад на соругата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година околу 15 часот и 30 минути во семејна куќа во Охрид. Тој, започнал жестока вербална расправија со неговата сопруга по што и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и целото тело. Од силината на ударите, оштетената се здобила со повреди и набиеници а потоа пренесена во Општата болница во Охрид каде и била пружена неопходна медицинска помош.

Сеп 18, 2017

Запуштена плажа и околина во населбата Далјан

Поминува уште една летна сезона ,а за туристите и жителите од населбата Далјан и годинава ќе остане со истата слика запуштена околина и плажа. Tие издејствувале да се постават неколку канти за отпадоци на плажата но досега никој не ги празни. За постaвување на клупи за одмор или осветлување на крајбрежјето жителите од оваа населба ќе чекаат до некоја следна сезона. Во мирната населба Далјан која е сместена на североисточното крајбрежје на езерото во лето одмараат повеќе од 10.000 туристи. Меѓу нив е Томислав Спасески од Минхен, Германија. Уметникот Спасески три месеци во лето поминува во Да…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top