Бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение. Денес кандидатот од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ, Ангел Јанев на прес конференција ја најави оваа идеа која планира да ја воведе во општинските училишта кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски доколку ja добие довербата на граѓаните. Тој рече дека многу се предизвиците на кои што треба да се работи и сработи а околу тоа кој и како ќе работи и сработи, ќе одлучат граѓаните.
„Во новата програма на д-р Митко Тилевски, се предвидува и проектот, „здрава исхрана“ за сите ученици во пониските одделенија, од 1-5 во основн…
Презентирани реузлатите од тригодишните активности на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Во изминатиот период успешно се реализирале бројни проектни активности. Создале услови, оствариле контакти и координирале субјекти со идеи и иницијативи за економски развој кој го сместуваат Центарот за развој на Југозападен плански регион во врвот на останатите региони во земјава. Проектите започнале во 2014 година и во текот на овој период се реализирани меѓу другите „Комуникациска стратегија за поддршка на мали и средни претпријатија“, „Водич за инвестирање со каталог за слободни ин…
Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со овој проект, рече Јован Стој…
Во тек се градежни активности за изградба на резервоар за вода во село Подмоље. Со овој зафат се очекува решавање на горливиот проблем со водоснабдувањето кој со години го имаат жителите на ова населено место.
Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и се гради по сите најсовремени стандарди за водоснабдување.Градежните активности ги изведува ДОО „Бокоп“, а целокупната инвестиција на проектот изнесува 3.117.752 денари. Средствата се во целост обезбедени од буџетот на општина Охрид.
Охрид, градот на Св. Климентовиот Универзитет, градот на словенската писменост сеуште без современа градска библиотека. Иако уште пред три години беше најавено преселување на библиотеката во просториите каде беше сместена НУ Фестивалот „Охридско лето“ тој проект не се реализира. Охриѓани со носталгија се сеќаваат на старата библиотека каде се собираа да прочитаат книга, весник или едноставно само да поразговараат. Тие се желни за еден современ простор каде книгата ќе им биде на дофат.
Инаку, уште во 2013та год. со одлука на тогашната Влада на РМ започнаа подготовките за проширување на НУ б…
Денес ги отвораме вратите на новите предизвици, нови реализации, проекти, работни места во Охрид истакна на првата прес конференција Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митко Тилевски. Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на РМ, бидејќи ние вистински го сакаме својот град, секогаш работиме за него, додаде Тилевски. Тој нагласи дека уште веднаш почнуваат со работа која ќе триумфирала со победа уште во првиот круг.
„Ќе го посетиме секое маало, улица и куќа презентирајќи ја програма. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните, заедно продолжуваме кон решавање на п…
Естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин – Охрид – Талин, почнувајќи од летната сезона во 2018 година, најави ТАВ Македонија.
По успешните преговори што ги водеше маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, авиопревозникот ја потвдри својата одлука за почеток на операциите од Македонија, и ќе воведе сезонски летови од естонскиот главен град до македонскиот туристички бисер- Охрид, од почетокод на летната сезона во 2018 година.
– Среќни сме што најавуваме уште една нова дестинација од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Талин, со која ќе оперира …
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика.
Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија.Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектитие кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко ползување на европск…