Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно.
Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема.
Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од УНДП, а спроведуван о…
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот планински премин Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Се узурпираат заеднички простории во трговскиот центар Амам. Поединци бесправно преградуваат , застаклуваат ходници, тераси, подруми, заеднички тоалети, а заедничките влезови се претвораат во кафулиња, револтирано напоменуваат сопствениците на дуќани кои имаат деловни простори во амамот. Сопствениците на деловни простории и дуќани во ТЦ Амам регистрирале 8 нелегални активности од субјекти од различни дејности кои узурпирале дел од заедничките простории. Узурпациите ги пријавивме до сите надлежни институции уште во декември 2019, вели Љупчо Ѓорески, сопственик на дуќан. Додава дека од тогаш …
Модуларната болница во кругот на охридската општа болница е скоро готова. Дождливото време малку ги забави работите овие денови па останува уште целиот монтажен објект да се приклучи на довод на електрична енергија. Објектот има капацитет од 40 кревети во собите со по 6 и 8 легла и вклучува приемна амбуланта како и дел за изолација. „Предвидено е цело инфективно одделение да се префрли тука заедно со персоналот . Тука имаме 40 кревети. Откако ќе го префрлиме тука ќе можеме за прв пат да реновираме нешто во инфективното одделение. Со пуштање во употреба на монтажната болница да се ослободи д…
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, преку социјалните мрежи упати сочуство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа која се случи на територијата на Бугарија.
“Тага, болка, солзи, непребол…Ова е голема трагедија, црн ден за Македонија.Сочувство до семејствата на загинатите”, напиша Пецаков на Фејсбук.
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитни маски, како превенција од коронавирусот, регистрирани се 459 прекршоци, информираат од МВР.
Од ресорното министерство воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Квид-19.
Застарениот возен парк на Противпожарната Единица Струга доби нов противпожарен камион.
„Благодарни сме за оваа донација која значително ќе ја подобри ефикасноста на Противпожарна Единица во Струга“ истакнаа од ППЕ Струга.
Претсатавници на Противпожарната Единица Струга и градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко го пречекаа новото возило кое во голема мера ќе го подобри времето на реакција за интервенција како и квалитетот на интервенциите за гасење на пожари.
Долго време оваа против пожарна единица располагаше со само неколку возила кои беа редовно одржувани и сервисирани но мн…
За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани.
Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и гр…