„Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон изработка на стратегија и акционен план за реконструкција и замена на дограма и излози од Охридската чаршија, со замена на традиционалните типови на дограма, истакна на денешената прес конференција Д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
„Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската чаршија преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници и уредување на угостителските тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните …
СВР Охрид во текот на годинешнава туристичка сезона бележи помалку сообраќајни незгоди во споредба со лани. Аналитичките податоци на Секторот говорат дека во месеците јули и август се случиле 70 сообраќајни незгоди, додека во истиот период лани, биле регистрирани вкупно 78, како што информираше Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
„Од оваа севкупна бројка индикативно е дека во овие два туристички месеци немаме сообраќајни несреќи со жртви додека во истиот период лани евидентирани се две тешки сообраќајни незгоди со 4 починати лица за жал. Меѓу другите активности што полициските службениц…
Во висина од над 652 милиони денари се усвои буџетот на општина Охрид за 2022 година. Градските советници го донесоа буџетот со 15 гласа за и 6 воздржани. За советниците од позицијата ова е буџет кој нема да креира загуби, додека опозицијата смета дека има помалку средства за капитални трошоци.
Помалку пари ќе има за изградба и асфалтирање на улици, изградба на системи за атмосферска и фекална канализација, помалку средства за студенски стипендии, за јавната чистота и реконструкција на паркови и зеленило, напоменуваат од опозцијата. Ние не поднесовме амандмани и не реагиравме на висината…
Денес во Охрид се одржа настанот „ОБВРСКА СЕГА! ЗА ДЕНОТ ПОТОА“. Како што информираше координаторот на граѓанскиот сектор на Охрид Елена Михајловска, иако времето било многу кратко, тие успеале да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор со цел креирање на барања во различни области кои ќе бидат претставени пред кандидатите за градоначалници во нашата општина.
„Со потпишување на барањето од граѓанскиот сектор кандидатите за градоначалник прифаќаат штом ја добијат довербата од граѓаните да се формираат мешани работни групи од општинската администрација и организациите …
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Д.Т., 30-годишниот Ж.С. и 30-годишниот М.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 4-ти август 2021 година, во угостителски објект во Охрид пријавените физички го нападнале 21-годишниот А.П. од селото Куратица, информираат од МВР.
Во Програмата за туристичкиот развој на Охрид на Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне и Коалицијата, ги претстави проектите за привлекување на што поголем број туристи. Тилевски најави продолжување на промоцијата на Охрид на светските медиуми за перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи.
„Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални медиуми, амбасади и претставници…
СДСМ демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина, рече на денешната прес конференција Димитар Манчев кандидат за советник од Вмро Дпмне. Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики, истaкна Манчев.
„ На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: -Ние одма би ре…
Матичните лекари во земјава се соочуваат со бројни реални проблеми во последните 10тина години. Покрај ниската заработувачка тие имаат и други административни пречки во работењето. Матичните лекари како и останатите луѓе се соочуваат со здравствени проблеми или повреди кога мора да користат боледување, напоменува д-р Љупчо Костески, специјалист нефролог и претседател на Здружението на приватни лекари од Охрид. Минатата година успеавме да издејствуваме право на 6 месечно боледување од макималното дозволеното 21 ден, напоменува Костески, но додава дека тоа не доволно.
„ Решение е , прво со н…