На 13 октомври далечната 1967 година познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата. Таткото на адвокатот Ристе Новаковски, Фидан пак повеќе од дваесет години работел како јавен правобранител. Така впрочем и започнува адвокатската приказна на овие три охридски семејства за кои правото е повеќе од само професија со која се занимаваат, кои неодамна одбележаа и пе…
По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Недела на борба против гладта (17-23 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помоШ на најсиромаШните наши сограѓани.
Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.Во текот на Неделата на борба против гладта од 17-23 октомври, во поголемите маркети во Охрид Ќе бидат поставени видно обележени ко…
Мала црквичка односно параклис денес беше осветен во стариот дел на градот, Варош, во непосредна близина на саат кулата. Прекрасната икона на мајката Св. Богородица во златна боја изработена од рацете на нашиот сограѓанин Климе Митрески не случајно осамна денес на ова место.
„Ова е по заповед на мајката Божја, Св Богородица и како што таа заповедуваше, откако таа ми се појави така правев, се со моите раце изградено, јас сум само нејзин слуга. Додека го направив јас си знам . Не сум некој богат човек не очекувам признание и слава, не сакам преку тоа да постигнам нешто, додека успеав да го н…
Денес беше отворена првата мртовечница во Охрид. Станува збор за современо уреден објект кој ги исполнува Европските стандарди, велат од погребалниот оператор „Мирен Сон“. Денис Шибакоски, открива дека оваа дејност требало многу порано да функционира во нивното претпријатие, бидејќи условите во кои работеле досега само ја усложнувале оваа активност, бидејќи биле принудени починатите лица да ги носат во ладилниците во Скопје и Битола. Даниела Кузмановска вработена во ова претпријатие појасни кои се олеснителните околности, од кои се разбира најголем интерес би имале граѓаните на Охрид, бидеј…
50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво.
Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец или помала адвокатска семе…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утре ќе ја одреди новата цена на горивата.
Основни елементи според кои се одредува максималната малопродажна цена се движењето на цената на нафтата на светските берзи и вредноста на доларот.
Новите цени на горивата ќе почнат да се применуваат од утре по полноќ, а ќе важат една недела.
Рехабилитација и надградба на колекторски систем, пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца , Рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во Охридскиот регион, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности, кажа Тилевски.
„Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на резервоар за првично соб…
„Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за охриѓани. Нашите сограѓани ќе добијат соодветни услуги, услуги какви што заслужуваат. Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истатата љубов и посветеност како првиот ден, истакна на денешената завршна прес конференција др. Митко Тилевски, кандидат за градончалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
„Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна…