Граничната полиција регионален центар Запад, вчера пресече илегален канал за нелегална трговија со сурово кафе од Република Македонија кон Република Албанија. Во акцијата, одземени се вкупно 540 килограми сурово кафе, спакувани во девет вреќи и натоварени на три коњи.
Граничната полиција, акцијата ја реализира во раните утрински часови во атарот на дебарското село Селокуќи а по претходни оперативни сознанија дека на тој потег, се врши организиран транспорт на сурово кафе, кое од селото, со коњи се транспортира во Република Албанија. Во нелегалната трговија со кафе, учествувале две лица кои…
Кој ќе го има мнозинството во советот на општина Охрид? Дали функционирањето на советот ќе биде на климави нозе беа дел од прашањата од медиумите денес, на конституирањето новиот совет на општина Охрид. Советот го сочинуваат 11 советници од СДСМ и коалицијата, 10 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и два советника од коалициајта ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Градоначалникот на Охрид, проф. Јован Стојановски рече дека демократски напредок е градоначалникот да работи и во средина во која го нема мнозинството на советници или со лабаво мнозинство на советници.
„Јас како градоначалник дадов свече…
Градоначалникот Константин Георгиески денеска одржа наменска прес конференција по повод објавувањето на Јавниот повик за уредување на плажите на Охридското Езеро
– Општина Охрид во текот на изминатиот период покажа сериозна посветеност на исполнување на препораките на УНЕСКО и почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, со што успеавме да го зачуваме статусот на заштитено подрачје. Добиеме нов дополнителен период за продолжување на сите активности и мерки, кои ќе придонесат во решавањето на децениските проблеми и ќе обез…
Конституиран е новиот совет на општина Охрид. Новите 23 советници денес на церемонијалната седница дадоа свечена изјава во која јасно ја изразија својата волја дека ќе ги штитат интересите на граѓаните кои ги избрале да раководат со општина Охрид наредните 4 години. Градоначалникот проф. Јован Стојаноски на советниците им порача да бидат сложни и да имаат разбирање за барањата на граѓаните, за кои имаат обврска да ги исполнат.
„Чест е, а воедно и голема обврска претставува за секој советник да биде избран од народот да ги претставува ставовите барањата на граѓаните и секогаш ги повикувам с…
Од почетокот на оваа година до 25 октомври во СВР Охрид биле пријавени 47 кражби на велосипеди. Од оваа бројка 38 се гонат по приватна тужба, а останатите предмети се гонат по службена должност, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. По пријавите за кражбите СВР открила половина од украдените велосипеди и за нив поднесле соодветни пријави.
„Во Охрид нема регистрирано организирани групи кои вршат вакви казнени дела кражби на велосипеди туку инциденти кражби извршени во згодна пригода. Тоа значи граѓаните ги оставаат недоволно обезбедени или необезбедени и тоа е добра прилика за ст…
Општата болница во Охрид ќе добие 1 инкубатор за интензивна нега. Ова е одлука на Владата која на 34-та седница реши на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Инкубаторите ќе бидат наменети за гинеколошкото одделение кое се повеќе прераснува во регионално.Состојбата во која што се наоѓа болницата гледано од финансиски аспект е таква што секоја донација е добредојдена. Ние располагаме со инкубатори, но секој понов модел нормално дека ќе има подобра примена и ќе си го најди своето место за подобрување на состојбата во нашето одделение, вели Славица Мале…
Денес во големата општинска сала беше претставена прогамата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“. Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои се и организатори на настанот Инфо ден, кажаа дека задоволни се од одзивот на Охрид и Универзитетот „Св Апостол Павле“. Програмскиот офицер Александар Богоевски рече дека во 2009 година имало само пет студенти кои реализирале студенски мобилности надвор од нашата земја, за да академската 2017 – 2018 има повеќе од 500 студенти.
„Самата програма „Еразму…
Штедењето, односно чување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството. Да се заштеди пари е добар чекор но колку денес може да се постигне тоа. За охриѓани речиси е и невозможно да заштедат некој денар барем според дел од испитаниците во нашата анкета на тема: Дали штедите?
Милчо Митрески директорот на Охридската експозитура на НЛБ Тутунска Банка, пак вели дека изминатиов период политичката криза и нејзините импликации во случувањата на економски план биле главна…