Фев 15, 2021

ДОДЕЛЕНИ 52 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ НА ОУ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“

Општина Охрид денеска додели 52 таблет компјутери на ОУ „Братство Единство“ наменети за учениците од социјално-ранливи семејства, кои немаат соодветни услови за он-лај настава. Комјутерската опрема е обезбедена преку донација од позната национална компанија и е во насока на подобрување на наставниот процес и има за цел да придонесе за развој и унапредување на образованието.

Фев 15, 2021

Сите поголеми улици во Вевчани се исчистени и проодни

Сите поголеми улици во Вевчани се исчистени и проодни и покрај големите врмежи од снег ? од преку 60 цм, информира градоначалникот Сашо Јанкоски. Исчистени се и регионалните патишта Вевчани – Суво поле како и фабрика Вевчанка – Здравствен дом. За побрзо чистење вклучен е и багерот , а потесните улички се чистат со моторна фреза за чистење снег. Градоначалникот упати пофални зборови до сите вработени во ЈП „Еремја“ – Вевчани, кои беа на висина на задачата.? Сообраќајот се одвива во зимски услови апелираме на сите возачи да го прилагодат возењето според постојните услови.

Фев 15, 2021

Во среда започнува имунизацијата на здравствените работници во модуларната болница во Скопје

Течат подготовките во Модуларната болница каде во среда започнува вакцинацијата на здравствените работници. Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

Фев 15, 2021

142 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 142 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Фев 15, 2021

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ

Поради врнежите од снег кои го зафатија Охридскиот регион, интензивно се работеше на расчистување на главните сообраќајници, пешачки патеки и јавни површини во централното градско подрачје и приградските населби. Расчистени и проодни се локалните патишта кон сите села во општината и непрекинато продолжуваат активностите за чистење на коловозот. Ангажирана е целокупната расположлива опрема на ЈП “Охридски Комуналец” заедно со околу 70 работници кои рачно го чистат снегот. Исто така, беше извршено и прскање со специјално средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките де…

Фев 15, 2021

ИЗГОТВЕНА НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Како дел од Програмата за развој на туризмот, Оштина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, согласно условите на Јавниот повик за изработка на овој стратешки документ, кој беше објавен во 2020 година. Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз база на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот. Документот…

Фев 12, 2021

Само три пациенти со корона вирус се лекуваат во ковид амбулантата во Вевчани

Состојбата  во општина Вевчание стабилна. Во ковид амбулантата хоспитализирани се само тројца пациенти во моментов. Вирусот стивнува и на подрачјето на селата Лабуништа, Октиси, Татеши, Подгорци и Велешта. Досега не се регистрирани  ниту заболени  со  британскиот сој на вирусот , кој во моментов е најзастапен во Охрид. „Состојбата е стабилизирана епидемиолошки сликата  е под контрола. Во моментов во Вевчани имаме тројца активни позитивни во дневната болница во ковид амбулантата а на територијата што ја покриваме 15 лица“, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани. Во овој реги…

Ное 24, 2021

На 2-ри декември прва професионална претстава на знаковен јазик за деца во Охрид

Наскоро во нашиов град ќе гостува театарската детска претстава насловена како „Три“. Станува збор за првата професионална претстава, правена на знаковен јазик. Новитетот на оваа претстава не е тоа што е правена на знаковен јазик, туку дека актерите во претставата во исто време и говорат. Што значи дека не е само за деца со оштетен звук туку за широката публика, вели Јован Ристовски режисер на претставата. Најубавиот, наједукативниот дел во оваа претстава, дидактичкиот дел во оваа претстава за деца е тоа што има една сцена која се вика училница, кадешто всушност на премиерата приметивме д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top