Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот ќе биде поскап за 2 денари за еден литар.
Еуросупер БС 95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари. Еуросупер БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари.
Дизелот поскапува за 2 денари и еден литар ќе ќини 54 денари.
Повеќе приоритети се дел од програмата на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски. Тој вели после 15 години стаж на неколку позиции во ова ЈП добро му било познато како дише претпријатието и каде се концентрирани најголемите проблеми. Грданоски кажа дека возниот парк во делот на механизација потребно е од корен да се измени, односно да се набават неколку нови возила.
„Околу проблемот со старата механизација веќе се соочуваме околу подготовката за зимско оддржување. Тука сме веќе дефицитарни со еден камион помалку во однос на претходните години. Тука настапуваме во сораб…
Eкипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ викендов спроведоа вонредни акции за расчистување на диви депонии на повеќе критични точки.
Во населбата „Даљан„ расчистени се диви депонии на шест микро локации каде несовесни граѓани депонирале градежен шут, кабаст и зелен отпад и најразличен комунален отпад.
По барање на месното население и по добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, расчистен е каналот на река Грашница по нејзиното течение на ул.„Бистрица„. Со помош на специјална механизација отстранети се грмушки, друга дива вегетација и натрупан отпад. Со…
Охридските угостители изнаоѓаат најразлични начини како да ги наполнат своите локали во овој период од годината кога бројот на гостите драстично се намалува. Туристите кои дошле да го видат нашиот град во есенскиот период ретко ги посетуваат кафулињата и ноќните клубови, па така, целокупната работа и направениот каков таков промет зависи од мештаните. Тие пак бараат нешто ново во понудата што ќе ги натера да излезат, да се забавуваат и да потрошат некој денар.
Мртвиот период начелно го пополнуваме со живи свирки кои претежно се од наши локални групи и уметници за да се создаде една анимаци…
Охридските ресторани бележат напредок во угостителската понуда. Од ден на ден се менуваат застарените мениа и се повеќе ресторани во Охрид и Струга креираат успешна приказна преку стратегија и начин на презентација во сите сектори, вели професор Ангела Василеска од ФТУ.
„Мило ми е што се освестуваат. Туристите бараат доживување. Поминаа времињата на само плажа, се бараат екслузивни места со коктели што ќе им останат во сеќавање за цел живот. Го имаме убавиот Охрид , културно историските споменици и погледот од милион долари, но дојде момент и на доживувања“, подвлекува професор Василеска. …
Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, кажуваат децата. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив најдобро ги распознаваат ученицит…
Реконструкцијата и конзервацијата на Али пашината џамија која се наоѓа во строгиот центар на градот сеуште ја бранува охридската јавност. И покрај тоа што нема одобрение за градба од страна на Министерството за транспорт и врски, таму се вршат градежни работи, тврдат од Здружението за заштита и афирмација на културни вредности „Совест“. Зафатите на овој објект започнаа уште пролетта и уште тогаш се градеше на терен иако Завод и музеј имаше издадено само одобрение за конзервација и реставрација на објектот, вели претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче. Тогашната директорка на Заво…
Општина Охрид внимателно ја следи состојбата со шумскиот пожар на планината “Галичица” кој е активен на потег во рамки на националниот парк. Пожарот, во текот на вчерашниот ден од територија на Албанија, каде што беше регистрирано почетното жариште, ја зафати шумата и на територија на Македонија.
Вчера во 14 часот, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески по претходна координација со надлежните од Национален парк “Галичица” испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало, за проценка на пожарот и за спроведување на активности за гаснење од воздух….