Од Министерството за култура ги следат случувањата во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охрид. Ќе се обидат, како што велат овој проблем , да го решат на најадекватен начин, за твм изјави Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО, потенцира Барџиева Трајковска. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа не сакаше да објасни што точ…
И на почетокот од овој месец септември правиме избор од 10 книги од областа на белетристиката кои од денес им се достапни на читателите. Топ листата ( редоследот ) е случаен, не ја одразува нивната содржина ниту популарноста на авторите.
„Патувам сама“ од Самуел Бјорк
„Град од пареа“ од Карлос Руиз Зафон
„Без граници“ од Џим Квик
„Убиј го таткото“ од Сандроне Дациери
„Ноќно пливање“ Меган Голдин
„Убиецот со распетието“ од Крис Картер
„Ѕвончињата на снегот“ од Сара Морган
„Сендмен“ од Лаш Кеплер
„Коски на срцето“ од Колин Хувер
„Што знае ветрот“ од Ејми Хармон
Романите се издани…
Викендов во Нови Сад се одржа 9-тото издание на меѓународниот танцов натпревар Dance Fest Novi Sad 2017, кој дефинитивно оваа година може да се нарече еден од најголемите танцови натпреварувања во Европа, но и најголем во Источна Европа. Вкупно во конкуренција беа 632 кореографии или повеќе од 3500 танчери од цела Европа, а ова година дури и претставници одЈужна Африка.
На овој натпревар се натпреваруваа и членовите на студиото за танци „Соната“, кое работи во склоп на Младинскиот Културно Образовен Центар Соната од Охрид. Со вкупно 39 натпреварувачи, односно 5 кореографии, охриѓани блесна…
Пристапен пат до парцелата за изградба на Дом за стари лица во Охрид е единствениот проблем поради кој сеуште не е отпочнато со градба на Домот за стари лица во Охрид. Како што соопшти Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид средината на август месец годинава издадено било одобрение за градба, со кое инвеститорот односно градежната компанија АД Илинден, може да почне со реализација на овој капитален и долгонајавуван проект.
„Најнов момент што треба да го посочам, она на што вие мислевте, е изградба на пристапен пат до самата парцела по кој ќе оди механизацијата на Илинден, и тоа е завр…
Велинград, Бугарија е место за незаборавен спа и бањски одмор. Малку има земји во Европа кои можат да се мерат со бугарската „моќ“ на банскиот и спа туризмот. Исклучителната богата разноликост на термални минерални извори со лековита вода и блато со право ја сместува Бугарија во веле сила во областа на здравствениот туризам. Велинград не е нова дестинација за Туристичката Агенција „Елида турс“. Елида Битрак вели дека во последно време има се поголем број на клиенти кои што се заинтересирани за банскиот туризам и користење на спа центрите.
„И практиката покажува дека овој вид на туризам е р…
Крајбрежниот појас на Охридското езеро се нагрдува со пластичните шишиња и канти со кои се обележуваат патеките при пуштање на кајчината во езерските води. Со предлог иницијативата на УЗ Стар град се бара еколошки пристап на сопствениците и промена на досегашните навики , посочува Горан Патчев претседател на оваа УЗ. „Ние имаме иницијатива да се изработат типски бови со број на регистрација на кајчината. Затоа што во летниот период кога има туристи тие шишиња за пуштање изгледаат како ѓубре во езерото. Туристите не знаат дека тука се припуштаат кајчина“, подвлекува Патчев.
Постои ли начин …
Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето.
Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност и ќе заштедиме на гре…
Православните верници денес го слават Св.Арханел Михаил и сите небесни ангелски сили. Бројни беа верниците кои со молитва и свеќа утрово го посетија црковниот храм единствен во Охрид посветен на овој светец. Светителот Архагел Михаил со својата закрила под Бога ни дарува сила да чекориме во живот по патот на спасениети , вели отец Диме Азески, парохискиот свештеник.
„Во црквата посветена на Св. Арангел Михаил , која е единствена во нашиот град , има верен и голем народ кој пристапува за духовно да се нахрани и истовремено и слава на Бога да му вознесе. Да се заблагодари за сите дарови кој …