Вртоглаво растат цените за метар квадратен на становите и апартманите во Охрид и крајбрежјето. Расте побарувачката за купување недвижности, а се зголемуваат и цените. Пазарот на недвижности бележи промени во изминатите три години, укажува Наташа Цветкоска Спасеска од Агенцијата за недвижности „Капитал“. Посочува дека според податоците од Народна банка растот на недвижностите во Македонија е за 11 проценти поголем, а во Охрид и повисок. Покрај влијанието на економскиот фактор како што се понудата и побарувачката врз зголемување на цената за метар квадратен се рефлектираат и други фактори меѓ…
Неколку дефекти во водоснабдителната мрежа предизвикаа обилните врнежи од дожд што викендов го зафатија Охрид. Делови од градот останаа без вода за пиење и по неколку часови. Денес дефектите се отстранети и водоснабдувањето е нормализирано, пренесува директорот на МЈП „Проаква“ Владимир Алексиоски.
„За време на викендов работевме на две места каде што имавме три дефекти и тоа на „Стив Наумов“ каде што имавме поголем дефект, кој што и подолго време го работевме. Тука се работеше за два вида профили на цефки 160 и 300 успешно е завршено и нормализирано е водоснабдувањето“.
Поголем дефект со…
Исчезна 13-годишно девојче од Охрид, по што родителите случајот го пријавиле во СВР Охрид, но бараат помош и од сите граѓани.
Порталот Охрид 1 јави дека Aтиџе Луманоска последен пат била видена со фармерки и маичка.
Семејството моли сите кои имаат било каква информација за Атиџе да се јават на телефонот: 071/255-832 (Кадри).
извор: Охрид 1 фото: Охрид 1
Поради поставување на новогодишни украси и опрема во охридската чаршија, Локалната самоуправа ги известува сопствениците на деловните објекти и добавувачите, дека дотурот на стока можат да го вршат само со помали моторни возила (пик-ап и комбиња).
Доколку не се почитува оваа препорака, може да дојде до уништување на украсите и тешки последици врз возилата и лицата кои ги управуваат.
Дождот кој паѓаше изминативе два дена иво Охрид наврна 90 литри на м2 предизвика поплави на градските улици. Причина за поплавите покрај големото количество на дожд било и затајување на колекторскиот систем. Запушен ситем кај Даљан предизвика поплави на улиците Галичица, Дејан Војвода, Коста Абраш, Даљан, Лескајца, Железничка, Македонски просветители, Партизанска, Даме Груев , информира директорот на ЈП Нискоградба Гоце Ѓоршески. Додава дека екипите на ЈП Нискоградба и Проаква интервенирале и успеале да го пробијат колекторскиот систем.
„Тие проблеми се повторуваат и колекторскиот систем …
Децата згрижени во охридските градинки стекнуваат здрави и спортски навики од најмали нозе. За нивното физичко здравје се грижат воспитните тимови од градинката и стручно лице, информира Мери Рилкоска директор на градинката Јасна Ристеска.
„ Во моментов имаме и професор кој со проект е вработен во градинката и изведува часови по физичко. Покрај дневните активности кои ги имаме во градинката има и различни други спортски активности кои се во рамките на детската недела или спортски активности како што се игри без граници “, напоменува Рилкоска.
Со ангажманот на стручното лице по спорт и фи…
Под мотото „Интеграцијата е целта, соработката е начинот“ денес во Охрид се одржа состанок на министрите за одбрана на САД, членки на Јадранската повелба. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев кој учествуваше во работата на свечениот дел на Состанокот на министрите за одбрана во своето обраќање потсети дека Јадранската повелба беше мотивацијата што ги водеше земјите членки за рекордно време да ги достигнат стандардите за членство во НАТО, притоа изразувајќи жалење што Македонија во Букурешт остана пред вратата на Алијансата поради спорот со Грција, независно генералната оценка дека земјата …
„Би сакал да ја информирам јавноста дека денес поднесов оставка од сите мои политички функции во Либерално демократската паритја. Сметам дека дадов свој придонес во ЛДП, а оставката ја поднесувам од лични и професионални причини, кои заради коректност кон партијата нема да ги образложам“ стои во дописот од подо ТВМ ТелевизијА.
„Изминатите седум години ја имав честа и обврската да бидам дел од ЛДП. Денес, заврши овој долгогодишен пат полн со предизвици, искачувања и падови. Продолжувам онаму каде што ќе можам да дадам најголем придонес и каде што мојот потенцијал ќе биде пресуден за следнит…