На првиот училишен ден, градоначалникот Константин Георгиевски беше во с. Пештани каде во Општинското Основно Училиште „Св. Наум Охридски“ ги поздрави првоодделенците со желба успешно да запловат во Светот на знаењето, а општината ќе продолжи да ги подобрува условите за реализација на образовниот процес во Охрид и околината.
Верувајте за мене ова е еден од најубавите денови во годината зошто нема ништо подобро да гледаш „чисти“ детски ликови, кои помалку збунето и уплашено зачекоруваат во животот што е пред нив. За прв пат стапнуваат на прагот од нивниот втор дом и влегуваат во својот …
Малиот Јане Велковски од Скопје денес меѓу охриѓани делеше летоци за нашата поддршка лекот Спинраза и останатите лекови да се внесат во регистерот на лекови за ретки болести.
Охриѓани ќе се вклучат во спортскиот настан „ Сите играме за Јане“, но, и за сите лица со ретки болести.
Утре во СРЦ Билјанини извори во 11часот и 30 минути ќе се игра фудбал и ракомет за поддршка на лицата со ретки болести.
Поранешниот чувар на мрежата на Партизан и југословенската репрезентација, Ивица Краљ деновиве престојуваше во работна посета на Охрид. Легендарниот голман за прв пат е во Охрид. Тој за ТВМ кажа целта на неговата посета е да го промовира Охрид на најдобар можен начин, што впрочем според него нашиот град тоа и го заслужува.
„Бидејќи сум претседател на Ф.К. „Мачва“ од Шабац, и член на извршниот одбор на Фудбалскиот Сојуз на Србија, целта е да видиме какви се условите во Охрид. Да се обидеме да организираме подоготовки за мојот клуб така да можеби и за сите селекции на Фудбалскиот Сојуз на Ср…
Охридските музичари се одзваа на хумнитарниот настан за собирање на средства наменти за социјално ранливите семејства. Охридскиот плоштад пулсираше во ритамот на песната на музичарите аматери и професионалци кои несебично се вклучија во хумнатарниот настан насловен како Рокмобилизација.
„Да се подигне јавната светс има и хуманитарна цел помош на децата од социјално ранливите семејстав да ј апочуствуваат хармијата на новогодишните празници“, вели Бисера Николоска, лидер на Рокмобилизација.
Од клубот на млади при ОО ЦК се пресреќни и презадоволни што нивната идеја е преточена во проект. Упа…
Охрид достоинствено го одбележа својот патронат и заштитник Св. Климент Охридски. По тој повод празникот беше одбележан и со свечена академија на која присуствуваа голем број охриѓани и гости. Повеќе од 11 века со својот дух и трајни световни пораки Св .Климент на многу генерации им го осветлил патот и ги водел кон иднината. Во многу вековното битусување на Охрид, низ неговите цивилизациски пластoви, свој белег оставиле неимари, цареви, освојувачи и владатели и духовни водачи кои со своите дела ја моделирале вечноста на овој град, но Св Климент со својот хуманизам , просветителство, како св…
Злоупотребата на антибиотици не го одминува Охрид. Неконтролираното земање на антибиотици без консултација на доктор, односно конзумирање на своја рака, по препорака на сосед, роднина или пријател не е препорачливо, апелираат докторите. Д-р Виолета Мицкоска вели постои начин со кој се утврдува дали е потребно да се зема или не антибиотикот.
„Антибиотикот има дејство онаму каде што треба да се лечи бактериска инфекција. Значи на вирус воопшто не само што не делува, туку може да го загрози здравјето да го намали имунитетот и да предизвика влошување на состојбата несакани дејства. Охрид и Мак…
Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните имаше директорката Весна Ц…
Неколку децении наназад Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, ја организира традиционалната изложба на дела на роднокрајни ликовни уметници, по повод 8 ми декември, празникот на големиот светител и учител, Свети Климент Охридски. За изложбата говореше познатиот охридски академски сликар Славко Упевче.
„На изложбата учествуваат многу ликовни уметници, меѓу кои и еминентни имиња на македонски сликари кои оставиле свој белег во македонското современо сликарство, како Димче Коцо, Нико Този, Петар Мазев, Свето Манев, Стефан Нестор и редица други, а во таа чест за да ги споменеме нив како …