Добар дел од охриѓани за Нова година ќе патуваат надвор од својот град, главно во места од соседството и во земјите на поранешна Југославија. Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“, вели дека аранжмани има многу, но сепак изборот се сведува на буџетот што го одвојуваат граѓаните кои сакаат да патуваат до посакуваната дестинација. Маленко открива кои дестинации се сигурно реализирани за дочекот на 2018 година.
„Најпродавани аранжмани со поаѓање од Охрид се Будва, Белград, Атина, Милано, тоа се организирани групни аранжмани и со пристапни цени со почетна цена од 3400 денари па нагоре. Оваа година има…
Униформи, чизми и заштитни шлемови доби Територијалната единица на Противпожарна служба од Охрид. Станува збор за странска донација која е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, со Противпожарни единици од Холандија и Англија, вели Сашо Точков претседателот на ОО на „Црвен крст“ Охрид.
„Изразувам благодарност и од името на донаторите со кои што претходно се слушнавме за доделување на оваа донација од Локалната самоуправа од градоначалникот за нивниот сенз и слух за прием на ваква донација и за поттикнување на потенцијалните и идните донат…
Големата општинска сала на општина Охрид каде што денес требаше да се одржи јавната расправа по однос нацрт буџетот и развојните програми за 2018, остана празна. Присутен беше првиот човек на градот Јован Стојаноски како и раководителите на општинските сектори и одделенија, кои за жал немаа можност да ги презентираат програмите за работа на Локалната самоуправа за 2018.
„Како одговорна Локална самоуправа денес ние тоа и го направивме,но како што и сами се уверивте немаше заинтересираност од правни и физички лица кои би учествувале на оваа јавна расправа. Но морам да истакнам дека ние во те…
Ефто Стојаноски, познат охридски дресер на кучиња, изработил програма за заштита на луѓето од кучешки напади . Програмата е сработена пред неколку години, а деновиве нападот на кучиња врз луѓето е актуелна тема. За опасностите од напад на кучињата врз луѓе Стојаноски вели дека со години предупредува, а досега надлежните не покажале интерес да го слушнат знаењето на дресерите кои работат со кучиња. За таа цел изготвил многу предлози со кои ќе се заштитат и луѓето и кучињата. Точно напладне, во сабота, во општинската сала, Стојаноски организира јавна расправа. Поканети се сите граѓани, ловци…
Повеќе годишните напори за Студенчишкото Блато, ќе финишираат со законска рамка. Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Охрид, на 14 септември, организираат јавна расправа, по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. Повеќе поединости за настанот прочитајте тука
Осум припадници на резервниот состав при министерството за внатрешни работи ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа. Синоќа без никакви претходни најави телефонски биле известени од денес повеќе да не доаѓаат на работа и да извршат раздолжување на опремата и оружјето. Тие денеска одржаа мирен протест пред зградата на СВР Охрид. Бараа началникот на секторот да ги прими и да им објасни кои се причините поради кои од денес нема да бидат ангажирани, но биле информирани дека до таа средба нема да дојде.
Бараме од началникот или друго официјално лице да објасни зошто сме избркани од работа….
За охридскиот туризам изминува уште една година без Стратегија за развој. Локалната самоуправа нема изготвено развојна програма за туризам и за 2018 година. Новата локална власт не се откажува од започнатиот проект и партнер кој доцни со изготвување на документ за развој на туризмот. Стратегијата за развој на туризмот беше најавена како проект пред 2 години, од октомври 2015 и требаше да се изработи до јануари 2016 по методологија на професори-експерти по туризам на универзитетот во Сент Гален Швајцарија. Целокупниот проект се предвидуваше да заврши за пет години, со финансиска поддршка од…
Од 23 декември стартува првото стручно предавање за дегенеративните болести наменето за поврзаните охриѓани и стружани. Локалната Агенција за Развој од Струга ќе започна да спроведува нов проект чија целна група се возрасни лица над 60 години од општините Охрид и Струга. Проектот е со цел да им помогне на соодветен начин на оваа категорија луѓе. Има се помалку млади , а се повеќе возрасни, Македонија старее и се повеќе луѓе стануваат осамени или изолирани во животот, напоменува Катерина Василеска од Локалната агенција за развој.
„Предвидуваме да има различни работи. Предлагаме да им…