Фев 16, 2021

СВР Охрид: Kривична пријава за битолчанец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(42) од Битола, порадипостоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 20.12.2020 година на својот Фејсбук профил објавил коментари со навредлива и недолична содржина, поттикнувајќи омраза и насилство.

Ное 24, 2021

196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз во охридско-струшкиот регион

Вкупно 196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион. Во просек при контролите годинава полицијата затекнувала по две неисправи возила дневно. Од нив 11 биле автобуси, а останатите комбиња и автомобили, кои превезувале патници. Најчесто неисправни им биле сопирачките, по што веднаш се исклучени од сообраќајот, а против сопствениците се поднесени соодветни пријави. Исправноста на возилата за јавен превоз е клучна за да не се случуваат страотни сообраќајни несреќи во кои згаснуваат животите на голем број граѓани.  Апелирам до сите учесниц…

Фев 16, 2021

92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година

Оваа сезона 2020/2021 имаме 92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година, информираат од Министерството за здравство. Годинава, вкупната бројка на заболени изнесува 539. Мерките за заштита од КОВИД-19 придонесоа за намалување и на бројот на заболени од сезонски грип. Со вакцина против сезонски грип вакцинирани се 39.488 лица, таа е најефикасната заштита од ова заболување.

Фев 16, 2021

328 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (15/16.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 328 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Фев 16, 2021

Уште е на сила забранaта за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а наместа има и остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица. Во целосен прекин е сообраќајот на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила. Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, на крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај само за камиони со приколка,…

Фев 16, 2021

Договорот за модифицирање на државната матура на два екстерни предмети останува, дијалогот продолжува за изнаоѓање концепт за изведување на интерните предмети

Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура. На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски беше посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни п…

Фев 15, 2021

Доделени спортски ваучери за охридските спортски клубови

Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на доделените спортски ваучери на спортските организации, спортските федерации, спортските клубови и спортистите во индивидуални и во екипни спортови од земјава. Спортски ваучери добија и охридски спортски клубови. Меѓу нив се градскиот ракометен и фудбалски клуб. Градскиот ракометен клуб „Охрид“ доби спортски ваучер на износ од 6.100.000 денари, а фудбалерите од „Лихнидос“ 950.000 денари. Соодветните критериуми или категоризацијата е контролирана од Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот на финансирање и донации во …

Фев 15, 2021

Започна пријавувањето за „Трката на Поeзијата“ на 23 мај во Струга

Регистрацијата за „Трката на Позијата“ на 23 мај во Струга започна на пладне во 12:00 часот на 15.02.2021 година, истата ќе се одвива во три фази: 1 фаза: 15.02.2021 – 28.02.2021 година 2 фаза: 01.03.2021 – 04.04.2021 година 3 фаза: 05.04.2021 – 02.05.2021 година За секоја информација обратете се лично на contact@poetryrun.mk, во директни пораки преку социјалните медиуми или преку официјалниот телефон кој што е оставен на веб сајтот. Струга отсекогаш пленела со својата убавина и уникатност. Овој преубав град истовремено лежи и на езеро и на река и има посебна магија која не сакаме нико…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top