Јан 15, 2018

Карневалска магија во Куратица

Курајчкиот Василичарски карнивал, вистинска атракција под отворено небо. Курајчани синоќа во една беспрекорна организација ги открија маски кои до синоќа ги чуваа во тајност. Празничната атмосфера беше надополнета и со зимскиот амбиент, студено време и снег, кој не ги спречи бројните гости но и мешатани да излезат во голем број и да видат што се случува на средсело во Куратица. Шаренило од маски меѓу кои се најдоа и претставувањето на курајчкиот етно живот, актуелниот пратеник Амди Бајрам но и екс премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски. Сите тие имаа своја порака. „Традиционална храна…

Јан 13, 2018

Во Вевчани започнаа карневалските денови

Во Вевчани започна традиционалниот Василичарски карневал. Манифестацијата има вековна традиција, а во маскирањето учествуваат над 40 проценти од 2000 жители на Вевчани. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Вевчанскиот карневал привлече голем број туристи од земјава, но имаше посетители од Србија, Бугарија , Турција. Покрај бројните туристи кои допатуваа во Вевчани беа присутни политичари и дипломати од странските амбасади. Сите присуствуваа со желба да се забавуваат и видат дел од …

Јан 13, 2018

Иницијатива за нова политичка партија

На повидок нов политичи субјект, Граѓанско демократска Унија. Во тек е прибирање на потписи за формирање на новата партија. Петар Колев од иницијативниот комитет вели дека станува збор за политичка опција со јасна визија, принципи и цели која ќе понуди решенија за болните прашања во нашето општество. „Тие прашања се поврзани со правната држава, безбедноста, евроатланската интеграција, економијата, правдата. За жал политичките партии во Македонија оние кои што се традиционални, не успевааат да најдат решение за тие прашања затоа што се дел од самиот проблем. Всушност тие и го создадоа тој п…

Јан 13, 2018

Повеќе од 300 охриѓани за нецел месец пријавиле и сликале отпад

За нецел месец новата кампања на ЈП „Охридски Комуналец“, „Прати слика, пријави отпад –за чист Охрид, каков што заслужува да биде“ наиде на голем одзив кај корисниците на услугите. Флаерот на кој е испишан телефонскиот број и адреса на која може да праќаат фотографии, односно да пријавуваат отпад, корисниците го добија со декемвриската сметка. Директорот на ЈП Љупчо Грданоски вели дека пријатно е изненаден од интересот кој го покажаа охриѓани . „Значи имаме одлични резултати и во овој моемент имаме преку 300 пријави на граѓани по кои постапуваме. Огромно е задоволството кога ќе се види дек…

Јан 12, 2018

Стојаноски: Мирно и достоинствено празнување на големиот христијански празник Богојавление

Течат подготовките за организирање на најмасовната црковно, народна манифестација за празникот Богојавление, Водици во Охрид. Традиционално и годинава ќе бидат одржани сите верски обреди: утринските богослужби почнуваат во 7 часот, во 8 и 30 се литургиите, а во 9 и 45 тргнува литијата од сите парохиски цркви во кои ќе се богослужи, према градското пристаниште каде во 10 часот ќе се положи крстот во водите на Охридското Езеро, информираше Илија Ристески претставникот од МПЦ. „Пријавување ќе има во сите парохиски цркви во Охрид во кои ќе има богослужби, сите заинтересирани капачи кои сакаат …

Јан 12, 2018

Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид

Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид. Пламените јазици за миг ми одзедоа се, цела покуќнина, облека, документи, низ солзи раскажува сопственикот на куќата нашиот сограѓанин Роберт Николоски. Тој до пред еден ден живеел сам во оваа куќа која што му ја оставиле неговите покојни родители. „Се враќав од чаршија, имав некои работи да ги завршам и кога влегов дома вратата беше како подотворена, видов чад. Се зачудив…што е работата си реков нешто се случува. Кога влегов внатре во собата забелжав чад и оган. Незнаев што да правам, ме фати трема…., паника…се обидов да дејствувам, но не мож…

Сеп 3, 2021

Општина Охрид додели 43 таблети за ученици од социјално ранливи категории

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска додели 43 таблет компјутери, наменети за ученици од социјално ранливи категории, за следење на наставата, по новиот концепт и програма за IV одделение. Електронските уреди се обезбедени врз основа на договорот за редовни телекомуникациски услуги, кој Општина Охрид го има со избраниот мобилен оператор. Дел од одобрените средства, кои се наменети за набавка на мобилни уреди за администрацијата, беше одлучено да бидат пренаменети и искористени за набавка на таблети за ученици. Таблетите ќе бидат распределени во охридските основни училишта врз …

Јан 12, 2018

Одржана средба меѓу охридскиот градоначални Стојаноски и хотелиерите

Градоначалникот Јован Стојаноски ги слушна размислувањата и потребите на охридските хотелиери и туристички субјекти. Средбата e  иницијатива на Локалната самоуправа со цел за организиран настап на престојните туристички саеми, изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. „ За да имаме организиран настап ќе одиме на зацртана агенда на Локалната самоуправа да разговараме со дирекните актери со бизнис секторот. Да разговараме што треба да направи општината за да имаме добар настап , а првичната цел на разговорот е да утврдиме на кои се целни пазари кои општина Охрид треба да ги потпомага…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top