Јан 18, 2018

Отворена изложба на охридски фотографи со мотиви од Охрид

Во пресрет на Водици и градот активно е вклучен со организирање на бројни културно забавни содржини за охриѓани и сите посетители. Во рамките на проектот „ Од 20 до 20 сите во Охрид“ денес на малото плато кај поранешнаат библиотека беше отворена изложба на фотографии со мотиви од Охрид. Изложбата ја отвори Живка Ангелоска, претседател на општинскиот Совет, која меѓу другото кажа, дека изложените фотографии ја потврдуваат синтагмата дека една слика заменува 1000 зборови. „ Благодарение на фотографиите на 12-те мина охридски сликари , Петар Паунче, Димче Коруноски, Игор Нически, Емил Јованов…

Сеп 3, 2021

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНАТА УЛИЦА „АБАС ЕМИН“

Градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска на пригоден настан официјално ја пуштија во употреба комплетно реконстуираната улица „Абас Емин“. Им честитам на граѓаните на Охрид и на сите оние кои беа вклучени и придонесоа во реализацијата на големиот инфраструктурен проект за комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“. Им благодарам за трпението, за соработката и за поддршката, како наш најголем мотив за успешно да стасаме до денешниот ден. Оваа улица децении наназад беше предмет за потсмев, лоша слика за Охрид и најголем проблем …

Јан 18, 2018

Водопост – ден пред празникот Богојавление

Утрово голем број верници дојдоа во охридските храмови на утринска богослужба. Христијаните , денес со строг пост го празнуваат Водопост ден пред големиот христијански празник Богојавление кога во црквите се читаат царските часови , појаснува отец Диме Азески. „ Преку тие царски часови ни се открива големата тајна која се случува на празникот Богојавление. Тоа е откривање на јавувањето на едниот Бог во 3 лица. Тоа е и суштината на нашата вера. Веруваме во еден Бог, а го исповедуваме во 3 лица како Отец или Светиот дух, а Богојавлението тоа ни го потврдува“, вели отец Азески за подготовките…

Јан 17, 2018

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на општината горе долу се исти как…

Јан 17, 2018

Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018

“Дијаспора, транснационализам и интер-културни комуникации како нови форми на социјален капитал”, тема на шестата меѓународна конференција „Охрид – Водици 2018“. Конференцијата ја отвори министерот во Владата на Р. Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Тој истакна дека еден од посериозните проблеми со кои се соочува дијаспората е долгата процедура при издавањето на документи. „Точно заради тоа на последната седница на Владата, Владата донесе одлука каде што се формира интересовска група меѓу Министерството за надводреѓни и внатрешни работи и кабинетот мој, со цел подготвување н…

Јан 17, 2018

Хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа и Владата

Краткорочни и долгорочни барања испорачале охридско – струшките хотелиери до локалната и централните власти. Досегашните резулатити во туристичката гранка покажуваат дека има потреба од менување и следење на потребите на гостите, напоменува Крсте Блажески претседател на Хотам. На последната средба која хотелиерите ја имале со охридскиот градоначалник Јован Стојаноски му ги презентирале проблемите на кои треба да се работи за да се зголемат приходите во стопанската гранка како што е туризмот. Крсте Блажески претсдателот на ХОТАМ наведува еден дел од тие барања. „ Изградба на нови хотели, п…

Јан 16, 2018

Охридскиот Ротари клуб донираше нов клима уред на детското одделение во Општа болница

Детското одделение при Општа болница Охрид доби нов клима уред. Станува збор за донација која ја обезбеди охридскиот Ротари клуб, информира претставникот, познатиот педијатар д-р Никола Филев. Покрај, Ротари клуб активно се вклучи и фирмата Елма од Охрид.Тие заедно се погрижија за подбрување на болничките услови во болницата. „Во последно време го пратиме работењето на одделението и приметивме дека греењето им е послаба страна во зимскиот период. Направивме акција со поставување на нов еркондишн, а старите ги ревитализиравме. Сега условите се попријатни за колегите и персоналот“, кажува д-…

Јан 16, 2018

Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња

Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Ефто Стојаноски, долгогодишен дресер на кучиња вели дека многу сопственици ги чуваат кучињата во двор кој не е ограден, без да бидат врзани со синџир, а се почеста е глетката на кучиња кои се шетаат без заштитна маска. Јас предлагам такво куче врзано со синџир во двор без ограда веќе да нема. Мора соспствениците да си обезбедат безбедна ограда, а ако станува збор за поагресивно куче тоа не смее да биде воопшто во двор туку мора да се чува во бокс затворен од горната …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top