Фев 9, 2018

Дополнително ќе се регулира чистењето на дворните површини околу зградите во Охрид

Последната акција за чистење на градските површини во Охрид од страна на неформалното граѓанско здружение „Чист Охрид“ покрена иницијатива за средба со претставниците на општина Охрид, од ЈП „Охридски Комуналец“ како и со комуналните инспектори и редари. Целта на средбата било да им се појасни на активистите од Чист Охрид кои се ингеренциите на ЈП и инспекторатот во делот на јавната чистота, што на општо задоволство било позитивно прифатено, вели Стефан Маслов раководителот за јавна хигиена во ЈП. „Вчерашниот состанок беше да се стави поголем акцент на таквите површини односно да се допрец…

Фев 8, 2018

Охрид ќе добие Центар за спасување на планина

Охрид ќе добие Центар за спасување на планина опремен со најсовремена опрема. Тоа е во рамките на реализација на билатералниот македонско-албански проект „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран со средства од фондовите на ЕУ преку ИПА 2 програмата за прекуграничка соработка. Со тоа ќе се добие и ефикасна служба за спасување на планина со што нашиот град ќе биде безбедна дестинација за алтернативните форми на туризам како што е авантуристичкиот, вели проектниот менаџер од македонскта страна Антонио Додески. „Основен предуслов за развој на авант…

Фев 8, 2018

Гранд мастер Ким Унг Чол ќе одржи таеквондо семинар во Охрид

Таеквондо клубот “Хва ранг ИТФ” од Лескоец-Охрид, на 10 и 11 февруари организира технички семинар со професор Гранд Мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден. Воедно, Ким Унг Чол е и претседател на Комисијата за организирањето на турнири во рамките на Интернационалната Теквондо Федерација (ИТФ). „Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторнo ќе биде гостин во Охрид“, благодарение на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” истакнуваат од Хва ранг ИТФ. Фактички, со семинарот ТКД Хва ранг ИТФ ги започнува активнос…

Фев 8, 2018

Средношколците од угостителско во посета на Барселона

Традиционалната македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства во Шпанија. Тоа беше остварено преку посетата на средношколците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ кои 21 ден беа гости во хотелелот „Кампаниле“ во предградието на Барселона. Посетата на Барселона беше едно огромно позитивно искуство за учениците вели проф. Благоја Јорданоски. Додаде дека учениците од различни образовни профили биле работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи, келнери и др. Јорданоски вели дека имале можност да ги увидат сличностите и разликите во однос…

Фев 8, 2018

Се крчкаат предлог измени во Законите за угостителска и туристичка дејност

Предлог измените кои се најавуваат од министерството за економија во Законите за угостителска и туристичка дејност, како и законот за туристичка такса и привремен престој ги седна на заедничка маса охридските туристички агенции и водичи со претставници од Локалната самоуправа. Ресорното министерство и експертите после долго време ги отвораат овие три закони и бараат предлози од сите инволвирани субјекти за надминување на досегашните слабости. Ѓоко Апостолов од секторот за туризам и локален економски развој информира дека станува збор за обемна материја. Наведува само некои од мноштвото ната…

Фев 7, 2018

Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино

Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно извршил грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“, како што информираат од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски кажа дека денес против него била поднесена кривична пријава поради сторено казнено дело разбојништво. „Кај него се пронајдени пари ставени во најлон кеса претходоно одземени од банката, исто така пронајдени се наочари, нараквици, капа и еден пиштол. Сите…

Фев 7, 2018

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп и Балканско првенство во триатлон

Македонската Триатлон федерација ќе организира Европски куп во Охрид. Од 15 до 16 септември , 300 натпреварувачи ќе ги одмерат своите спорстки вештини во пливање, трчање и возење велоспид во категориите деца, јуниори, кадети и сениори, информира Иван Михајлоски претседател на македонската федерација за триатлон. „Ќе подготвиме настан кој ќе прерсне во Европски куп кој тековно ќе се организира во Охрид. Нешто големо и убаво кое ќе премине понатака во традиција. Триатлонот е најбрз растечки спорт во светот со искуство од 5 Олимпијади и веруваме дека може да го организираме и тука во Македони…

Сеп 5, 2021

Починат маж пронајден во близина на Лескоец

На 3-ти септември 2021 година, во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција – информираат од МВР. 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top