Фев 13, 2018

Охрид нема слободни станови за социјално загрозените семејства

  Од министерството за транспорт и врски најавуваат распределба на 79 станови за најранливата категорија граѓани во земјава. Од расположливите станови во 16-тина македонски градови ќе бидат доделени 59 станови на семејства во социјален ризик, а 20-тина на лица со ниски примиња. Огласот за доделување на социјални станови ќе биде објавен идниот месец, но охриѓани кои бараат кров над глава со помош на дражавата нема да можат да го решат станбениот статус. Охрид го нема на таа листа. Во моментов нема ниту еден слободен стан за социјално загрозените семејства, информираат од Акционерското дру…

Фев 12, 2018

ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот да ја повлече одлуката за поскапување на водата

Ние, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесеме информација со барање за укинување на одлуките за поскапување на сметките за вода и одведување отпадни води, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Граѓаните веќе ги добија сметките со нови поскапени цени. Цената на водата се утврдува во вид на зголемен варијабилен и дополнителен фиксен надоместок. Зошто ЈП „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика, праша Пецаков. – Ова ли е ветувањето на СДС преку планот за нама…

Фев 12, 2018

Делбата на имотот доведува до семејни кавги меѓи родителите или наследниците

Делбата на имот многу често доведува до семејни кавги меѓи родителите и наследниците. Поделбата на имот често ги загрозува семејните односи, посочува Катерина Василеска од Локалната Агенција  за развој. Тие заедно со здружението Јустиција организираа предавање на тема „ Имотно правни прашања“ во рамките на проектот „ И старите можат“ . Ова е многу важна тема за повозрасните граѓани кои во еден момент од животот мора да одлучат што ќе прават со нивниот имот и како да се заштитат себе си, напоменува Василеска. „Ова е една горлива тема и еден од најголемите проблеми кои настануваат во фамилиј…

Сеп 6, 2021

ИСПРАТЕНА ЕКИПА ЗА ТЕРЕНСКО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ НА “ГАЛИЧИЦА”

Градоначалникот Константин Георгиески рано утринава повторно беше на терен во подножјето на планината “Галичица” каде што согласно заклучоците од вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, беше испратена првата група која се упати на терен за гаснење на планинскиот пожар. Теренската екипа е составена од претставници на НП “Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид и истата ќе има задача да направи увид на состојбата со пожарот и да делува каде што има потреба. Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафа…

Фев 12, 2018

Охриѓанка изгоре во пожар

Седумдесет годишна охриѓанка изгоре во пожар. Пожарот избувнал во стан во зграда на булеварот „Туристичка“, рано утрово каде жената која била неподвижна живеела сама. Пожарот го пријавиле соседите. Дојдов јас утрово на работа, јас тука работам, видов чад, соседката повика помош и излеговме сите. Сакавме да ја спасиме жената, но не успеавме. Викнавме брза помош и пожарна, дојде и полиција, но не успеаја да ја спасат жената. Жал ми е многу. На брзина се се случи, вели соседка која била очевидец на настанот. Противпожарната служба пристигнала во 7часот и 15 минути, по што пожарот бил брзо ло…

Фев 12, 2018

Ново адреналинско доживување во Охрид

Ново адреналинско доживување во Охрид. Викендов успешно беше реализирана зимската OffRoad тура од Кичево до Охрид. Седумдесетина џипови од цела Македонија и двесте учесници беа дел од овој настан во организација на OffRoad клубот од Охрид. Турата била доста тешка поради временските услови кои постојано се менувале. Учесниците се бореле со кал, снег и мраз, но никој не се откажал од ова авантуристичко патување и сите пристигнале на целта. Најтешко било на планинските врвови, каде снежната покривка достигнувала и до еден метар висина, велат учесниците кои ги споделија нивните искуства од оваа…

Фев 10, 2018

Новинарите и обвинителите ја подобруваа соработката

Новинарите и обвинителите два дена во Охрид расправаа како да се подобри комуникацијата на овие две професии што е предуслов за поголема заштита на човековите права и слободата на изразување. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посочи дека, само добро обучени и информирани новинари за своите права и одговорности можат професионално да ја обават новинарската професија. Тој додаде дека праксата на Европскиот суд може да им помогне да не прават грешки и да не ги прекршуваат правата на другите. Селмани рече дека работилницата во Охрид е во насока на зајакнување на започнатиот дијалог меѓу новина…

Фев 10, 2018

МЈП „Проаква“ почна да го решава проблемот со загубата на техничката вода

Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем. Проблемот со неприходната вода во водоснабдителните системи е еден од најголемите предизвици со кои се соочува МЈП „Проаква“, вели директорот Владимир Алексијоски. Тој посочува дека податокот за количината на неприходна вода од 50-60% во просек од произведената и внесена вода во водоснабдителните системи во Охрид е алармантен и јасно укажува на тоа дека неопходно е да се преземат итни мерки за намалување на неприходната вода. „Проценто…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top