Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам. Се поголем е бројот на странски туристи кои се заинтересирани за спортскиот рекреативен риболов на Охридското езеро. Но и воопшто, во нашата земја со сигурност може да се каже дека постојат страствени вљубеници во овој спорт, кои на рибарење доаѓаат подготвени со соодветна опрема, вели Љупчо Стојкоски, риболовен водич. Тој додава дека покрај спортскиот риболов на најстраствените риболовци им даваат можност да се запознаат и тајната на ловење со блинкер, која е мошне специфична и многу стара. Праксата покажува дека холанѓаните се…
Денес на едно место етничките заедници беа дел од дебатата „Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу зедниците во локалните самоуправи.“ Претседателот на Здружението „Инклузија“ Вахид Мемед, истакна дека досега немало ваква дебата на која се говори за правата и можностите на етничките заедници, како и за механизмот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во однос на подобрување на правата и културниот идентитет.
„Мислам дека на некој начин малку се заборавени етничките заедници. Да не заборавиме дека на пописот од 2002 година има 8 500 прип…
Охридската ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања упатени кон СДСМ. Велат дека партијата на власт продолжува со партиски вработувања и политички реваншизам и како што Дамјан Манчевски јавно признал СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и распишала нови огласи за привремено вработување.
Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна најави партискиот лидер Зора…
Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко.
За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла. Веќе е склучен и договор ,…
МЈП Проаква планира изградба на нова хидрантска инсталација во стариот дел на градот. Плановите на ЈП се со новата хидрантска инсталција да се опфатат некои покритични локации како на пример потегот кон Канео или пресекот на улиците Нада Филева и Аргир Маринечев, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква.
„ Моментално има 5 хидранти во стариот дел на градот кои се обележани на шахтите, но да бидам искрен и тие се во незавидна состојба. Ќе работиме да ги санираме и нив и ќе поставиме уште неколку нови. Имаме проблем со спецификите на теренот каде се работи. Стариот дел е заштит…
Новиот сој Омикрон изолиран и во нашиот регион. Епидемилогот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид, информира дека во декември го изолирале новиот сој на вирусот кој брзо се шири во светот.
Омикрон не е изолиран во Охрид, но има случај во Струга. Изолиран е кај едно лице во Струга пред една недела. Од овде е, но дошол во контакт со роднини од странство – истакна Стурлакова Коровешоска.
Во општина Охрид расте бројот на семејни кластери инфицирани со ковид 19, укажува на епидемиолошката состојба д-р Стурлакова Коровешоска. Станува збор за кластери кои …
Денес се слават Св.Трифун и Св.Валентин и се е во знакот на црвената боја. Со црвено вино и црвени срцa се одбележуваат овие два празници од кои едниот е православен, а другиот католички. Некои граѓани го слават едниот, некои другиот, некои наоѓаат време и за двата празника, а некои воопшто не слават.
Свети Трифун е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Тој е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. Свети Трифун е и заштитник на лозјето и на овошките. Токму затоа н…
Времето денеска во Охрид променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.
Денес ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи претежно во југозападните делови. Во деновите потоа ќе биде релативно постабилно и малку до умерено облачно. Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец. Во среда температурите ќе бидат за неколку степени пониски, а потоа во ноќта кон четврток ќе има зголемена облачност и појава на локален дожд – информираат од…