Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела. По расчистувањето на шутот од постарите ископувања од јужната половина на цитаделата, од НУ Завод и Музеј Охрид информираат дека започнаа со доистражување на остатоците од објектот од XIX век кој најверојатно е еден од раскошните сараи/дворци на тогашниот управител на Охрид, Џеладин Бег.
Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудоски, виш кустос од Завод и Музеј – Охрид.
Со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и учество на Владата од 3,2 милиони евра ќе се подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Марко Мантованели , Директор на Канцеларија на Светска банка за Македонија и Косово, Европа и централна Азија , денеска на прес конференција во Владата, кажа дека се надева на сите им е јасно зошто конкурентноста во економијата во Македонија ја гледаат п…
Младиот и перспективен охриѓаниец Бојан Трајкоски ја раскажа приказната за старата еврејска заедница на Балканот преку проектот Музеј на еврејските гробишта. Тој учествуваше на првиот хакатон во Битола, односно на форумот за програмери, на којшто специјалисти од различни области на развој на софтвер, програмери, дизајнери, менаџери, работат заедно за да решат некој проблем. Трајкоски за ТВМ вели дека често оди на хакатони, натпревари, маратони за кодирање во Скопје и Битола, па така ја прифатил понудата на Ем три ди ес студиото за учество на Биталон.
„Ние имавеме изработено виртуеклен музе…
Ракометарите на на РК Охрид утре ќе играат против битолски Пелистер. На СРЦ „Билјанини извори “ ќе се игра последниот дерби натпревар од регуларниот дел од Супер лигата во 19 часот. Крсте Андоноски, капитенот на охридскиот клуб рече дека иако овој натпревар нема големо резултатско значење, како тим ќе го дадат својот максимум.
„Ние сепак ќе играме за престиж и довоигрување на екипата, се надевам дека ќе апетитите на охридската публика и овој натпревар нака биде увертира за она што понатаму не следува во плејофот“ – вели Андоновски.
„Минатата сезона бев во Пелистер, тие имаат голем ростер…
Осум млади кувари од трета година при СУД „ Ванчо Питошески“ ги покажаа своите вештини и знаења во подготвување на традиционални специјалитети. Во училишната кујна вредно подготвија по сопствен избор вкусна храна. На тој начин ги потврдија своите вештини и знаења стекнати за време на школувањето.
„Сите јадења кои се подготвени овде се наша замисла. Наш избор. Подготвивме велешка пастрмајлија, охридски чомлек,охридски комад, раванија, селско месо, питулици“, вели Кристијан Китанов од Градско.
Мирсада Фејзулоска љубовта кон готварството ја стекнала од својот дом. Таа го подготви охридскиот …
Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за животни промени.
„На работилн…
Досегашните и идните концесионери на охридските плажи денес одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Нивната оценка за средбата беше позитивна и очекуваат решавање на проблемите со кои се соочувале во изминатите години. Дел од нив укажаа, дека иако плажите на концесија се добиваат на 5 години, тие во рок од 10 години пет пати излегувале на јавни наддавања кои биле организирани од централната и од локалната власт.
„Нашето главно барање е продолжување на концесиите на подолг период како и тоа да се има во предвид сите досегашни инвестиции за луѓето кои го направиле тоа да имаат пре…
Нивото на Охридското Езеро и реките кои се вливаат во него се следи и се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски услови, кажа Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски Тој денеска оствари средба со раководните структури на АД ЕЛЕМ.
„Нашата поголема будност се однесува на реките и каналите што се влеваат во Охридското Езеро. За жал, ние немавме тендер минатата година, и не беа исчистени каналите онака како што треба, но ние цело време ја следиме состојбата, среќа што досега немавме поголеми поплави беа преземени мали зафати на Коселска река, Даља, Грашница и ги …