Мар 20, 2018

Фестивал на фризура, мода и убавина „Hair fair 2018“ во Охрид

На 25ти и 26ти март во Охрид ќе се одржи 12тиот Фестивал на фризура, мода и убавина „Hair fair 2018“. Настанот ќе се одржи во хотелот „Аквалина“, а учество ќе земат познати фризерски имиња од Балканот и Европа.– Потврдено е учеството на познатиот Џанкарло Миланезе од Италија, но и на Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој живее и работи во Малме, Шведска, информираат организаторите од Македонската фризерска асоцијација.На нивниот профил на Facebook информираат дека првиот ден, на 25-ти март ќе се одржи натпреварувачкиот дел во рамките на кој ќе се одржат…

Мар 20, 2018

Единствена Македонија ќе отвори Општински комитет во Охрид

Партијата Единствена Македонија утре ќе го отвори Општинскиот комитет во Охрид. Според најавите од организаторите, на отворањето ќе присуствуваат и претседателот на партијата Јанко Бачев и потпретседателот Стефан Влахов Мицов.Промоцијата ќе се одржи во хотелот КАМ Village, утре со почеток во 19:00 часот.

Мар 20, 2018

Итно мора да се решава проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи

Решавањето на проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи, беше тема на средбата на стручните служби од локалната самоуправа со претставниците на месните заедници од коселското подрачје. На средбата на која, покрај од Локалната самоуправа,присуствуваа и претставници  Центарот за јавно здравје, МЈП „Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ и Дирекцијата за храна и ветеринарство, беше речено дека проблемот мора итно да се реши бидејќи испитувањата на водата од селските водоводи покажуваат дека таа не е исправна за употреба.Заеднички беше договорено во наредниве денови месните заедници да направ…

Мар 19, 2018

Новини во активните мерки за вработување

Со цел зголемување на вработеноста, Агенцијата за вработување и оваа година излезе со новини во активните мерки. Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд нуди шанса за сите категории невработени лица како и можности за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите и други мерки. Директорката на Центар за вработување, Охрид Маја Ташева Биткоска посочи една од новите мерки која за прв пат годинава се спроведува како законско решение.  „Ќе се обучуваат персонални асистенти за лица со посебни потреби кои ќе помагаат по …

Мар 19, 2018

Надлежните во Охрид ја следат состојбата, по циклонот Хектор

Кризниот штаб на општина Охрид заседаваше по силниот ветар кој викендов го зафати нашиот град. Јужниот ветер кој дуваше со над 90 км на час предизвика повеќе штети посебно на потегот од Канео да градскиот плоштад. За справување со последиците биле договорени конкретни активности на надлежните служби како и нивна координација, информираше Томе Наневски претседателот на Кризниот Штаб. Екипи на Локалната самоуправа и градоначалникот ги посетиле речиси сите места каде што југот ги покоси сите импровизирани платформи, додава Наневски. „На состанокот беше договорено да се вклучат сите јавни прет…

Сеп 8, 2021

НОВ ПОД ВО ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“

Комплетно нов под се постави во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“. На ходниците и скалите во училишната зграда целосно се поставија нови плочки и огради на скaлите. Севкупната сума за изведување на овој зафат изнесува 1 700 000 денари. Дополнително, денес, започна да се асфалтира подлогата на спортските терени и дворното место. После завршување на овој зафат, започнува поставувањето на спортските реквизити и оградувањето со зажтитна мрежа на спортското игралиште. Средствата одвоени за оваа намена изнесуваат 7 000 000 денари. Изминатиов период заврши и поплочувањето со бехатон п…

Мар 19, 2018

Започна проценката на штети од невремето во Охрид

Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од утринава е на терен за да ги утврди последиците кои ги предизвика невремето кое Охрид го зафати во саботата. Комисијата излезе првично да види какво е оштетувањето,на терен и утврдивме дека има големо оштетување покрај брегот на Охридското езеро. Оштетени се угостителски објекти и платформи, има оштетување и на објекти, паднати оџаци, покриви, моторни возила. До Комисијата досега пристигнати се 58 барања. Од утре излегуваме на терен и ќе вршиме проценка по сите тие барања…

Мар 17, 2018

Состанок на кризниот штаб предводен од Градоначалникот Стојаноски

Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид, a падна и Мостот на желбите. Нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри над дозволеното,а силниот ветар донесе и бранови во висина од 120 сантиметри. „Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот о…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top