Во текот на изминатото деноноќие (21/22.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 468 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска и утре со почеток од 18 часот се прикажува филмот за деца „Брат ми брка диносауруси“, најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол.
Станува збор за италијанска продукција во режија на Стефано Ципани, а во филмот игра и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар.
Во него главен лик е Џек, кој отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра. Но кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговио…
На пригодна свеченост, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, во просториите на Црвен крст Охрид беа доделени наградите на децата од Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на шестиот Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа на 9 јануари 2021 година.
На онлајн натпреварот во огромна конкуренција од 25 000 деца-натпреварувачи од 45 земји во светот сите 52 учесници кои го претставуваа нашиот центар освоија награди и тоа: 14 деца освоија трофеи, 22 деца златен медал и 16 деца сребрен медал.
И овој пат, интернационално мерливите …
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири на прес-конференција во Владата на РСМ со апел до јавноста и граѓаните за важноста на почитувањето на законските рокови за пријава во евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
АВРСМ согласно уредбата со законска сила донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД 19, ги одложи роковите за редовно пријавување на невработените лица.
На 15 септември 2020 година повторно беше воспоставено редовното пријавување на секо…
Извидничкиот езерски одред „Пионер“ од Охрид и оваа година почитуваќи ги епидемиолошките мерки за заштита од вирусот го одбележа Светскиот Ден на извидниците, 22-ри февруари.
„На патеката „Баден Пауел“, 20 млади извидници поделени во помали групи на интересен и едукативен начин имаа можност да ги покажат и применат стекнатите вештин, да научат нешто ново, да се забавуваат и притоа да направат добро дело за својата заедница. На оваа патека групите добија насоки во вид на загатки чие решение ги водеше од една до друга контрална точка, а на секоја од контролните точки имаше задача која секоја…
Ниту една предлог одлука за вклопување бесправно изгрaдени објекти во соодветните плански документации не гласале охридските советници по завршување на мораториумот. Во Општина Охрид во постапка за легализација се барања за околу 11 500 објекти. Граѓаните надвор од заштитената зона и во руралните средини кои имаат објекти во постапка на легализација бараат процесот да продолжи. Градоначалникот Константин Георгиески смета дека во овој момент тоа може да биде проблематично. „Во услови кога во Извештајот на реактивната мисија на Унеско од нас се бара да прогласиме комплетен мораториум на град…
Самуиловата тврдина, Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Античкиот театар, црквата „Св. Софија“, Историскиот архив, скулптурата „Фаќач на крст“. Ова се само дел од објектите и локациите кои блеснаа во знак на поддршка на РЕТКИТЕ, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021.
Како и секоја година, така оваа се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици. Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува, во светлото на COVID-19. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симбол…
Слатинското езеро со години зјае празно. Наместо туристичка атракција во Дебрца, до скоро беше мочуриште обраснато со бујна вегетација. Последните дождови и снег го поднаполнија езерото, но водата се испушта од браната , бидејќи мора да се исчистат обраснатите врби. После еколошката катастрофа во февруари 2013 година, во 2018 се изврши санација на браната , но проблемот остана нерешен.
„Ургентно треба да се изврши чистење на дното на езерото беа преземени обврски од страна на Водостопанство дека ќе се среди, но за жал до овој период такво чистење не се изврши сега нормално …