Апр 3, 2018

Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема

Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да ја поставуваат урбаната оп…

Апр 3, 2018

Николовски ќе ја унапредува соработката со Албанија во делот на трговската размена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Нико Пелеши, истакна дека итно е потребно на формирање на работни групи со надлежни институции помеѓу двете земји со цел унапредување на трговската размена. „Овде во Охрид се одржува нашата прва средба. За месец дена договоривме средба во Корча или во Тирана во Албанија. Драго ми е што отворивме повеќе прашања кои што со години стојат во нашата соработка како држави. Она што првин го дискутиравме е трговска размена помеѓу Македонија и Албаниј…

Сеп 9, 2021

ОБЈАВЕН ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

Општина Охрид објавува Ликовен и Литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта во склоп на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина. Конкурсот е на тема „СОНЦЕ, ПЛОДОВИ И ЛИСЈА ЦРВЕНИ И ЗЛАТНИ НАСЛИКАНИ НА НАЈУБАВОТО ЕСЕНСКО ПЛАТНО“. Повеќе информации прочитајте на следниот линк

Апр 3, 2018

Градоначалникот Стојаноски на средба со министрите за земјоделство на Македонија и Албанија

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со министрите за земјоделство на Република Македонија, Љупчо Николовски и на Република Албанија, Нико Пелоши. На средбата доминираа прашања поврзани со можностите за интензивирање на соработката за заштитата на Охридското Езеро, одржливо управување со природните ресурси и креирање на заедничка туристичка понуда. Големите проекти, како што се заштитата и управувањето со Дримскиот басен и прогласувањето на охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват се добра основа за креирање на акциски прекугранични планови и реализирање на заедн…

Апр 3, 2018

Нема интернет во основните училиштата во Охрид

Охридските школи од почетокот на второто полугодие немаат интернет. Овој проблем не е присутен само во Охрид, туку во сите училишта во Македонија. Наставниците не можат да реализираат настава според ИКТ-програмата, па така добар дел од обврските како што е тоа е- дневникот тие го завршуваат дома. Директорката на ОУ „Христо Узунов“, Оливија Пирузева Јанева вели дека немаат информација од Министерството за образование за што точно се работи, дали доцни тендерот или воопшто не е распишан, но тие како училиште се снашле на свој начин. „Нашето училиште има интеренет не сме без интернет, тоа е е…

Апр 2, 2018

Комеморација по повод смртта на Цветан Грозданов

Денес во општина Охрид се одржа комеморација по повод смртта на академикот Цветан Грозданов. На неа, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој рече дека со денешната комеморација, се оддолжуваме кон ликот и делото на Грозданов изразувајќи ја нашата искрена и огромна почит кон човекот кој животот му го посвети на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности. „Во ова време на тага, кога физички академикот Грозданов не е меѓу нас, неопходно е да собереме сила и со отворен ум и срце, да му ја оддадеме должната почит и да се поклониме пред негов…

Апр 2, 2018

Успешно модно преставување на охридската креаторка Моника Коцарева на модната недела во Скопје

Охридската модна дизајнерка Мoника Коцарева со свои креации учествуваше на Fаshion week во Скопје. Младата креаторка е задоволна од организацијата и од своето претставување на модната колекција насловена како Boundless. Модната колекција е доведена до безграничност, со цел жената која ќе ги носи да нема ограничувања. Моделите се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција изобилува со комбинации…

Апр 2, 2018

Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид

Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој традиционално секоја го про…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top