Охридската пастрмка сеуште останува загрозен вид во Охридското Езеро, додека пак белвицата ја има и не претстои опасност од нејзино исчезнување, тврди концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Тој укажува дека состојбите со рибниот фонд во езерото за жал сеуште не се средени поради институционалната неусогласеност за повеќе прашања кои последнава година прераснаа во сериозни проблеми.
„Кога ние дојдовме во 2012 не можевме да изловиме ниту килограм до два, тоа е реалното. Кога ја увидовме состојбата ни беше кажано да почекаме 3 години и почекавме и кога видовме дека и после 4 годи…
Математиката може да биде и забавна. Учениците од 5то-4 од ОУ „Григог Прличев“ и од 5-1 од ОУ „Кочо Рацин“ на денешната работилница „Создаваме, креираме математички сликовници“ решаваа математички проблеми, цртаа, пееја, а и пишуваа текст со кој направија сопствени сликовници со најразлична содржина. Некои пишуваа за нивните омилени ликови од цртаните филмови, некои за природата некои пак за нивната омилена игра.
Оваа работилница овозможи да се развива дружељубивоста, здружувањето во групи како и меѓусебното помагање кај учениците. Тие се стимулираат за да креираат сликовници на оригинален…
Ракометниот клуб „Охрид“ со скопски „Пролет“ ќе го одигра третиот меч во плејофот од Супер лигата. Пролет ќе биде трета шанса за првите бодови на табелата бидејќи во претходните два меча со Вардар и Металург охриѓани претрпеа пораз.
Оваа година од Пролет изгубивме во двата мечеви кои ги одигравме во регуларниот дел од Супер лигата. Сето тоа кажува дека се работи квалитетен тим составен од добри играчи. Ние не се оптоваруваме со нив бидејќи сме сконцентрирани на нашиот тим. Можиме да се пофалиме со одлична одбтрана. Тоа го докажавме и во натпреварот со Металург. Очекуваме победа и можеме да…
Градоначалникот на Дебрца го поддржува најавениот протест против изградба на регионална депонија во с Годивје. Протестот е најавен за 22ри април со блокирање на патниот правец Охрид Кичево. Општина Дебрца едногласно на последанта седница на совет даде отпор на Владината одлука за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура во село Годивје. Градоначалникот Зоран Ногачески денеска на прес конференција истакна, дека тој како прв човек на општина Дебрца во целост ја почитува волјата на граѓаните изразена преку референдумска одлука.
„Никој, ниту советот на општината, ниту градон…
Во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА) ПХВ тимот на млади на Црвен крст Охрид организира Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата и здравите животни навики. Настанот ќе се реализира на 14-ти април, сабота, со тргнување во 11 часот од платото пред Градското пристаниште во Охрид, а ќе се вози покрај езерото до Горица 3 (плажа Немо) и назад до Градското пристаниште. За сите учесници организаторот обезбеди соодветно освежување.Велосипедското возење има и хуманитарен карактер, а со средствата кои ќе се соберат со купувањето …
Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод ги известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува јавното претпријатие, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови. За таа цел потребно е да се обезбеди непречен пристап до водомерните броила, односно соработка од потрошувачите.
Преку поставување на овие бар кодови ќе се овозможи полесно, точно и наверемено читање, а со тоа и поголема заштита на корисниците.-информираат од Р.Е. Водовод-Охрид.
Екипите на МЈП ПРОАКВА се на терен и веќе започнаа со имплементација на проек…
Започна реконструкција на тротоарот на булеварот “Туристичка“, на потегот од Гимназија до СРЦ “Билјанини Извори“ по десната страна, во правец на Св.Наум. Целосно ќе бидат заменети бехатон плочките, ќе се засадат нови дрва и во цела должина ќе биде изградена нова велосипедска патека. Градежните работи ќе ги изведуваат фирмите “Илинден“ од Струга и “Ким Идра“ од Кичево. Должината на тротоарот и велосипедската патека е 1200 метри, а локалната самоуправа за оваа намена издвои два и пол милиони денари.
Деновиве започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел – Вапила во должина од 2километри и 200метри. Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е вреден 120 000 евра, пари што општина Охрид ги обезбеди во соработка со Светска Банка и Фондовите од Европската Унија.Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка …