Апр 21, 2018

Пролетната дератизација во Охрид ќе се спроведе во месец мај

Пролетната дератизација во Охрид ќе се спроведе во месец мај, информираат од Центарот за јавно задравје. Како што е познато глодарите покрај штетата која ја предизвикуваат, се и преносители на околу 40 различни болести кај човекот, дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести, за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Годинава, исто како и минатата година, системска дератизација ќе се изведе на околу 3000 шахти во градов, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска….

Апр 21, 2018

Шесто издание на програмскиот маратон „Кодфест“

Започна шестото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата. Најголемите бенефиции кои можат да се видат тука е да се запознаат луѓето кои доаѓаат од надвор од Македонија, да се слушнат нивните искуства на предавањата, да се научи нешто ново и дефинитивно секој оној кој го посетил овој настан заминал побогат, вели Марија Савеска-организатор на „Кодфест“. Настанот е осмислен како своевидна …

Апр 20, 2018

Како купувањето на интернет да биде побезбедно

Во денешно време се повеќе се слуша гласот на потрошувачите, кои што бараат дигиталните играчки посебно оние за децата да бидат со многу пострикни и појаки стандарди во поглед на базата на податоци. Денес на Факултетот за туризам и угостителство, претставници на организацијата на потрошувачи на Македонија одржаа јавна трибина на која пред студентите презентираа начини, како да го направиме дигиталниот пазар пофер за потрошувачите. Претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова се осврна на тоа што значи интернет купувањето кај нас, а што во светот. Таа нагласи дека нашата правна регулатива …

Апр 19, 2018

ЈП Охридски комуналец и понатака се соочува со кражби на саден материјал

Вработените од ЈП Охридски комуналец интензивно работат на уредување на парковите површини. При тоа во континуитет претрпуваат штети од кражби на цвеќиња и декоративни садници од страна на несовесни граѓани.Таквото уништување го нарушува изгледот на парковите површини, информира Трајан Љаткоски. „Секојдневно се справуваме со тие работи. Дополнуваме, пресадуваме и заменуваме цвеќиња и садници, но трендот на крадење продолжува од несовесни граѓани. Се надеваме со овие изјави, со интервенција на полицијата и на нашите служби таа појава да се намали“, вели Љаткоски.   Во овој период се уред…

Апр 19, 2018

Спасовски: Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира, доколку мигрантската криза добие на интензитет

Не постојат закани од нов мигрантски бран на „балканска рута“, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој за време на генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ во Охрид порача дека Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира доколку мигрантската криза добие на интензитет. „Немаме никакви најави кои што можат да не загрижуваат во смисла на енормно згоелмување на бегалци кои што би можеле да бидат на нашата границата. Ние сме подготвени, бидејќи таа мигранска криза може да добие на интензитет во секој момент нашите два прифатни центр…

Апр 18, 2018

На почетокот од летото ќе се одржи Фестивалот на охридската черешна

Во месец јуни, кога е екот на бербата на црешите во Охрид ќе се одржи Фестивал посветен на охридската черешна. Со спојот на ЕД Грашница, на Здржението Охридска черешна од Лакочереј и на Здружението на пчелари Охрид ќе придонесува за создавање услови за успешен бизнис во одгледувањето на цреши. Проектот е поддржан финансиски од Локалната самоуправа. Со презентација на овошје и продукти од цреши низ музика и фолклор наша намера е ова овошје што повеќе да го доближиме до купувачите, но и до туристите, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница. „ Со повеќе активности ќе дадеме придонес да се …

Сеп 10, 2021

Специјалната единица „Тигар“ со тактички вежбовни активности во Охрид

Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните дека во периодот од сабота, 11-ти до среда, 15-ти септември 2021 година, на просторот кај езерската полиција во Охрид, тактички вежбовни активности, ќе имаат припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ „Тигар“). Во текот на тактичките вежби, што ќе се реализираат во различни периоди од денот, ќе биде користена маневарска муниција. За време на вежбите, ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки поради што, се молат граѓаните за разбирање и почитување на насоките на полициските службеници – информираат од СВР Охрид. 

Апр 18, 2018

Влезот во стариот дел преку Горна Порта, блокиран од тешка механизација

Влезот во стариот дел на Охрид преку Горна Порта, деновиве го блокира тешка механизација, реагираат мештаните од овој дел на градот. Поесбно возачите посочија дека чекаат и по неколку минути додека помине камионот натоварен со градежни материјали или со градежен шут. Исто така мештаните стравуваат дека поради тежината на товарот што го носат камионите, патот може да попушти. Од Секторот за комунални дејности, раководителот Томе Нанески појаснува дека за старото градско јадро пропишани се одредени правила кои мора секој инвеститор или изведувач да ги применува. „Возила над 5 тони не се дозв…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top